Исак Бабел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: дополнување
→‎Творештво: дополнување
Ред 6:
 
==Творештво==
[[Податотека:Babel photo01.jpg|мини|Исак Бабел во 1930-тите.]]
За почеток на творештвото на Бабел се смета 1924 година, кога во четвртата тетратка на списанието „Леф“ се појавиле неговите раскази „Сол“, „Писмо“, „Смртта на Долгушов“, „Крал“ и неколку други. Самиот Бабел ја сметал средбата со [[Максим Горки]] за пресуден миг во неговата книжевна кариера, зашто тој го поучил за најважните елементи на писателскиот занает. Бабел претставува посебна страница во [[Советска книжевност|советската книжевност]], зашто во неговите дела се наоѓа сè што е општочовечко и длабоко руско. Тој е најпознат како писател чии дела се посветени на [[Јужна Русија]] и [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]], кои ги опишал со смеса на горчлив [[Реализам|реализам]] и највозвишена [[поезија]]. Бабел е совршен толкувач на луѓето со фантазија кои немале доволно способност или храброст да се изразат себеси. Исто така, голем дел од неговото творештво заземаат расказите со тематика ос [[Евреи|еврејскиот]] живот. Тој напишал неколку дела поврзани со [[Црвената коњица]], како што се „[[Црвената коњица (книга на Исак Бабел)|Црвената коњица]]“ (1924-1926) и „[[Одески раскази]]“ (1928), како и поголем број новели за идеализираниот јунак на еврејската [[сиромаштија]], бандитот Бења Крик. Од еврејскиот живот се инспириани и драмите „[[Залезот на сонцето (драма на Исак Бабел)|Залезот на сонцето]]“ (1928) и „[[Марија (драма на Исак Бабел)|Марија]]“ (1935).<ref>Nada Marinković, „Isak Babelj“, во I. E. Babelj, ''Crvena konjica''. Beograd: Rad, 1969, стр. 123-126.</ref>