Во ле Виконт: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: it:Castello di Vaux-le-Vicomte
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Слика:Vo-le-vikomt.jpg|thumb|right|250px|Фронтален поглед на Во-ле-ВикомтВиконт]]
[[Image:Le chateau de Vaux le Vicomte.jpg|thumb|right|250px|Кос поглед на дворецот]]
'''Во-ле-ВикомтВиконт''' ([[фр.]] ''Château de Vaux-le-Vicomte'') е [[француска барокна архитектура|француски барокен]] [[дворец]] (''[[шато]]'') во [[Менси]], близу [[Мелен]], 55 km југоисточно од [[Париз]] во ''[[француски департмани|департманот]]'' [[Сена и Марна]], [[Франција]]. Бил изграден во периодот од [[1658]] до [[1661]] за [[Никола Фуке]], Маркиз од Бел-Ил-на-Море, Виконт од Мелен и Во, финансов управник (министер) на кралот [[Луј XIV]].
 
Во-ле-ВикомтВиконт на многу начини е највлијателното дело во [[Европа]] во средината на [[XVII век]], најпрефинетата куќа во Франција изградена по [[Мезонски дворец|Мезонскиот дворец]]. Тука заедно со архитектот [[Луј Ле Во]], [[пејзажна архитерктура|пејзажниот архитект]] [[Андре Ле Нотр]] и сликарот-декоратор [[Шарл Ле Брен]] за прв пат работеле заедно на голем проект. Нивната соработка го означува почетокот на еден нов поредок: величенствениот манир на „стилот Луј XIV“ во кој спаѓаат системи на заедничка работа, кои можеле да се применат на градбата, нејзините ентериери и уметнички дела и на создавањето на цел [[пејзаж]]. Овој дворец е еден од најдобрите градби во Европа од ова време.
 
[[Француска градина|Градина]]та на Ле Нотр била доминантниот елемент на големиот комплекс. Дворецот се издигна на подигната платформа, отворена во средината на шумите,<ref>Овој ефект е позабележлив денес, со веќе зрелите шуми, отколку во [[XVII век]]; местото пред тоа било обработлива површина, и насадите биле груби и нови.</ref> и ја одбележува границата помеѓу нееднаквите протори, третирани на различен начин. Самиот плац, за разлика од оној на Версај, бил природно добро наводнет, со две рекички кои се среќаваат во паркот; една од овие била канализирана, па така настанал Големиот канал.
Ред 18:
Дворецот бил раскошен, префинет, и маѓепсен по изглед, но и богат по задкулисна драма. Накратко по една славна прослава на [[17 август]], [[1661]] со Молиеровата пиеса 'Les Fâcheux'. Прославата била премногу импресивна, а домот премногу лускузен, па [[Жан-Баптист Колбер]] успеал да го наговори кралот дека овој сјај е финансиран од манипулација со јавните фондови. Колбер го уапсил Фуке, па го заменил како финансов управник. Подоцна [[Волтер]] за резимира славната прослава вака: „На 17 август, во шест навечер Фуке беше Крал на Франција: во два наутро тој беше никој и ништо“. [[Жан де Ла Фонтен|Ла Фонтен]] исто така напишал опис на прославата, и накратко потоа и неговата ''Елегија за нимфите од Во''.
 
По апсењето Фуке бил затворен доживотно, неговата жена била протерана, а Во-ле-ВикомтВиконт бил конфискуван. По конфискацијата, кралот купил 120 таписерии, статуите, и сите портокалови дрва. Потоа пратил група уметници (Ле Во, Ле Нотр и Ле Брен) да проектираат проект многу поголем од Во-ле-ВикомтВиконт: [[Версај]], потоа последователно менуван од најголемите архитекти, како [[Жил Ардуен Мансар]] и [[Анж-Жак Габриел]], зголемувајќи го сѐ до [[Француска револуција|Француската револуција]].
 
Мадам Фуке си го вратила имотот по десет години и се повлекла да живе со најстариот син. По смртта на Фуке во 1680, синот исто така умрел. Во 1705 решила да го стави Во-ле-ВикомтВиконт за продажба.
[[Слика:Vaux-le-Vicomte - grand salon.jpg|thumb|left|250px|Големиот салон]]
Новиот сопственик станал [[Клод Луј Ектор де Вилар|маршалот Вилар]], иако никогаш го немал видено местото. Во 1764 неговиот син го продал на [[Војвода од Празлен|војводата од Празлен]], чии потомци го одржувале имотот во следните сто години. Замокот бил место на свирепо убиство во 1840-тите, кога тогашниот војвода од Шуазол-Празлен ја убил жена си во спална соба. По триесет години запоставување, дворецот повторно се нашол на пазарот.
Во 1875 [[Алфред Сомије]] го купува Во-ле-ВикомтВиконт на јавна лицитација. Дворецот бил празен, некои од помошните згради веќе биле руинирани, а славните градини биле сосема обраснати. Огромниот проект за реставрација и обновување ја започнал реномираниот архитект [[Габриел-Иполит Дестељо]]. До смртта на Сомије во 1908, дворецот и замокот го повратиле својот стар изглед. Неговиот син [[Едме Сомије]] и неговата снаа го завршиле проектот. Денес нивните потомци продолжуваат со работата на Во-ле-ВикомтВиконт. Дворецот и понатаму е во приватна сопственост (на грофот од Вогуе) но бидејќи државата го назначила местото за [[историски споменик]], тоа е отворено за посетители.
 
== Карактер ==
Ред 35:
==Надворешни врски==
{{Commons|Château de Vaux-le-Vicomte}}
*[http://www.pbase.com/ericdeparis/vauxlevicomte Уметнички фотографии на дворецот Во-ле-ВикомтВиконт] {{en}}
* [http://www.vaux-le-vicomte.com Официјален веб-сајт на дворецот Во-ле-ВикомтВиконт] {{en}} {{fr}}
* [http://pimousse.vaux.free.fr/vauxlevicomte Личен веб-сајт на Во-ле-ВикомтВиконт] {{fr}}
* [http://wwww.montjoye.net/chateau_de_vaux_le_vicomte Историја и слики на Во-ле-ВикомтВиконт] {{en}}
 
[[Категорија:Француски дворци]]