Разлика помеѓу преработките на „Народна банка на Македонија“

(→‎Функции на НБРМ: дополнување)
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Во член 49 (1) од Законот за НБРМ, мандатот на сите членови на Советот на НБРМ е утврден на седум години, вклучително и мандатот на гувернерот, кој, согласно со член 46 (4), претседава со Советот и има главна извршна функција во НБРМ. Во член 53(1) е наведено дека член на Советот, вклучително и гувернерот, ќе се разреши ако: веќе не ги исполнува критериумите потребни за именување како член на Советот определени во член 50; изврши злоупотреба или сериозен пропуст во вршењето на службените должности; не може да ги извршува задачите поради телесна и ментална неспособност повеќе од три месеци и ако не ги извршува должностите во последователен период од најмалку три месеци, за што одлучува Советот. Според член 53(4), гувернерот има право на жалба до надлежниот суд во рок од 15 календарски дена од одлуката за разрешување. Во член 88 во делот од Законот за НБРМ кој стапува во сила со зачленувањето на Република Македонија во ЕУ е наведено правото на гувернерот на жалба до Европскиот суд на правдата, по пристапувањето на земјата во ЕУ, без определен рок.
 
Советот на НБРМ одржува најмалку десет седници годишно и одлуките ги носи со просто мнозинство, со исклучок на оние за кои е потребно квалификувано мнозинство. Советот ја носи одлуката за целите на монетарната политика, ги донесува мерките за реализирање на монетарната политика, ги донесува финансискиот план, планот на [[инвестиции]] и годишната сметка на НБРМ, го донесува статутот на НБРМ, ги усвојува извештаите на НБРМ (годишниот извештај, полугодишните и кварталните извештаи, извештајот за банкарскиот систем и банкарската супервизија, извештајот за финансиската стабилност, извештајот за управувањето со [[девизните резерви]] итн.). Гувернерот го рганизираорганизира и раководи со секојдневното работење на НБРМ, ја претставува НБРМ и носи разни решенија што се однесуваат на материјално-фианнсиското работење на НБРМ, како и решенија кои се однесуваат на работењето на банките и штедилниците. На гувернерот во работата му помагаат тројца вице-гувернери.
 
== Функции на НБРМ==
Анонимен корисник