Владимир Талески: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Додадена е уште една детска играна серија во која настапувал Владимир Талески.
Ред 4:
Од своето дипломирање во 1983 па сѐ до избирањето за градоначалник на [[Битола]] во 2005 година, работел како актер во [[Битолски народен театар|Битолскиот народен театар]]. Играл главни улоги во дела од светски и домашни автори како [[Вилијам Шекспир|Шекспир]], [[Софокле]], [[Горан Стефановски]], [[Антон Панов]], [[Јордан Плевнеш]] и други. Учествувал на повеќе театарски фестивали: „Месс“ во [[Сараево]], „Стеријно позорје“ во [[Нови Сад]], „Еуроказ“ во [[Загреб]], „Интернационален фестивал“ во [[Љубљана]], „Охридско лето“ во [[Охрид]], „МОТ“ во [[Скопје]], „Будва - фест“ во [[Будва]], „Алтернативен театар“ во [[Подгорица]], „Фестивал на детето“ во [[Шибеник]], „Војдан Чернодрински“ во [[Прилеп]], „Ристо Шишков“ во [[Струмица]], и други. Се занимава и со пишување на текстови за театарски претстави и сценарија за телевизиски претстави.
 
Има релизирано голем број телевизиски емисии и серии за различни редакции. Настапувал во телевизискиот филм „Мугра“, како и во играните филмови „Јужна патека“, „Хај-фај“ и „Тајната книга“. Има режирано 12 театарски претстави, 7 документарни филмови и повеќе новогодишни претстави за деца, промотивни и други музички манифестации. Исто така се појавил во културно образовнатаобразовните емисијаемисии за млади „Црвено, жолто, зелено“, играјќи го ликот на студентот ''Диме'' и во „Здраво генијалци“ играјќи го ликот на забавниот ''Двојче''. За својата професионална работа има повеќе награди и признанија како наградите „Војдан Чернодрински“ (три пати) и „4 Ноември“ (два пати). Ја играл насловната ролја во „Хамлет“ од Шекспир, има гостувано на „Мала Брона“ во [[Москва]], бил учесник на „Дубровнички летни игри“ со претставата „Лир“ од [[Едвард Бонд]] како самостоен проект на фестивалот, а учесник бил и во проектот „Landscape X - part Eurelien“, „Alien Busters“ од [[Горан Стефановски]], во [[Стокхолм]] како главен град на културата 1998.
 
==Криминални активности==