Океаниди: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова статија
(нема разлика)

Преработка од 20:59, 23 декември 2016

Океаниди (грчки: Ωκεανις, Ωκεανιδες) според старогрчката митологија биле нимфи, ќерки на титанот Океан. Ова е тврдење на Хомер шо е запишано во неговите химни. Според Есхил, Аполодор од Атина, Хигин и Хесиод, нивна мајка била божицата Тетија.[1]

Митологија

Имало три илјади Океаниди, и тие ја претставувале целата вода на светот: од дождовните облаци, па сè до подземните води.[2] Некои од нив, како Климини, Азија, и Електра, биле тесно поврзани со Титаните.

Овде спаѓаат Нефелите, нимфите на облаците, Аурите, нимфите на ветрот, Најадите, нимфите на изворите и фонтаните, Лејмонидите или Лимонидите, пасторалните нимфи и Антусаидите, цветните нимфи. Овие нимфи ретко биле опишувани како морски, но подоцна кога мистичните води на Океанот, кои биле претставувани како реки кои го опколуваат светот, се изедначиле со Атлантикот, Океанидите го добиваат епитетот „морски“.

Некои од Океанидите биле придружнички на моќните богови, како Артемидите кои биле другарки на божицата со истото име, Артемида. Пејто била другарка на Афродита, а Климена на Хера.

Види исто така

Наводи

  1. -{theoi.com: Okeanides}-
  2. Hesiod, Theogony, 346 ff