Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Крани: Разлика помеѓу преработките

црква во селото Крани
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 21:12, 20 декември 2016

Успение на Пресвета Богородица (локално позната како Света Богородица Пречиста) — главна селска црква во селото Крани, Општина Ресен, Македонија.[1]

Успение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Подмочанско-љубојнска
Местоположба

Карта

Координати 40°56′17″N 21°06′23″E / 40.93806° СГШ; 21.10639° ИГД / 40.93806; 21.10639
Место Крани
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Изградба 1865
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна градба

Се наоѓа на сретсело. Во кругот на црквата се наоѓаат и денешните селски гробишта.[2]

Црквата била изградена во 1865 година, а обновена во 1992 година.[2] На црквата моментално се изведуваат работи за обнова на покривот.

Градба

Се вбројува во редот на помали трикорабни храмови, какви што најмногу се граделе во XIX век. Според сочуваниот натпис, врежан врз еден камен од јужниот ѕид, објектот е изграден во 1865 година. Подоцна кон втората четвртина на XX век, врз него се направени опсежни преправки, при што се отворени неколку прозорци на јужната и на северната фасада. Веројатно тогаш е извршено и малтерисувањето на фасадите.[3]

Денес, стариот опус на ѕидање од обработен камен, може да се забележи само уште на апсидалната конха, која е единствено немалтерисана. Во најново време, на храмот од западната страна е прилепена новата камбанарија.[3]

Во внатрешноста на храмот може да се влезе од јужната и западната страна. Наосот од западната страна е издвоен од нартексот со ниска преграда, а од олтарскиот простор со иконостас оформен од два реда на икони. Над нартексот на запад се протега горната галерија на спратот.[3]

Фрескоживопис

Поголемиот дел од ѕидните површини во внатрешноста се премалтерисани. Фрагменти од стариот живопис насликан во XIX век се сочувани на северниот ѕид од наосот, веднаш покрај иконостасот. Нешто повеќе ѕидно сликарство има во олтарскиот простор. Во горниот дел на апсидата вообичаено е претставена „Св. Богородица“, а во долната зона архијереите „Св. Василиј Велики“ и „Св. Јован Златоуст“, предводени од архангелите Михаил и Гаврил. Во малата ниша од протезисот е насликано доподпојасјето на мртвиот Христос, а во нишата од ѓакониконот е претставата на првомаченикот и ѓакон „Св. Стефан“. Не се познати авторите на ова сликарство.[3]

Иконостас

Олтарната преграда е составена од два реда на икони. Според испишаните години на иконите поставени на иконостасот, тие се работени во 1938 година. Во црквата постојат и неколку икони, кои според своите содржини можат да се сместат во иконописот од втората половина на XIX век.[3]

Поврзано

Наводи

  1. Предлошка:Цитирана книга
  2. 2,0 2,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 159. ISBN 9789989920554. Посетено на 20 декември 2016.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Посетено на 20 декември 2016.

Надворешни врски