Глигор Јовановски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 27:
 
 
'''Глигор Јовановски''' (р. {{рн|17|јули|1945}} година во с. [[Нистрово]], [[ГостиварскоМавровско|Ростушко]]) — македонски професор и [[научник]] од областа на [[Хемија|хемијата]], [[Спектроскопија|спектроскопијата]] и [[Кристалографија|кристалографијата.]] Члени член на [[МАНУМакедонска академија на науките и уметностите|Македонската академија на науките и уметностите]].
 
==Образование и работа==
Основното училиште го завршил во [[Маврово]], а Педагошка гимназија во [[Скопје]]. Во 1969 г. дипломирал хемија на [[Природно-математички факултет - Скопје|Природно-математичкиот факултет]] во Скопје, а магистрирал во 1974 г. на Природословно-математичкиот факултет во Загреб, каде што и докторирал во 1981 г. По едногодишно волонтирање, од 1971 г. е постојано вработен во [[Институт за хемија|Институтот за хемија]] на Природно-математичкиот факултет, минувајќи ги сите наставно-научни звања од асистент до редовен професор. Акад. Јовановски, покрај другото, бил [[декан]] и продекан на Природно-математичкиот факултет во Скопје, раководител на Институтот за хемија и раководител на постдипломските студии на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје, секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки при МАНУ, како и член на Претседателството на МАНУ. Сите овие функции се одбележани со извонредни успеси. За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 10 мај 2006 г.
==Научна дејност==
Основната научна преокупација на акад. Глигор Јовановски е [[Структурна хемија|структурната хемија]], при што своите резултати тој ги постигнува, речиси подеднакво, со примена на кристало¬графски и на спектроскопски методи, честопати збогатени со теориски разгледувања. Тој е истакнат кристалограф (школуван во светски познатиот центар во Загреб) и активен спектро¬скопист, комбинација што е ретка не само кај нас туку и во светотскопичар. Макар што работел на истражувања на различни системи, две различни главни линии на истражување го карактеризираат научниот опус на акад. Јовановски.
Според бројот на објавени трудови, а и одгласот што го имале тие, на прво место се истражувањата на [[сахарин]]от и неговите соли и деривати, како и на сродното соединение тиосахарин. Имено, од околу 350 статии објавени во светот и посветени на структурните аспекти на хемијата на сахаринот, тиосахаринот и нивните соли и деривати, околу 20% се трудови на акад. Јовановски и на неговата група.
Во следната голема група трудови на акад. Јовановски се презентирани резултатите од изучувањето на структурните и спектроскопски карактеристики на минерали од Македонија, од кои некои се исклучителна реткост во светски размери. Истражувањата на ова поле може да се сметаат за пионерски, затоа што прв пат се пристапува кон систематско структурно испитување на минералите од Македонија. Со спектроскопски и дифракциони методи, со атомска апсорпциона спектрометрија и со други методи досега се изучени околу 90 минерали најдени во Република Македонија, при што крајната цел на овие комплексни студии била да се издаде монографија што ќе ги содржи структурните и минералошките карактеристики на минералите од Македонија, а и да се направи што е можно покомплетна минералошка збирка. Монографијата е веќе објавена во 2012 г., а збирката од минерали изложена во просториите на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет (со околу 500 примероци) е не само најкомплетната во Македонија, туку се одликува и со висока естетска вредност. Во меѓувреме поставена е и извонредно убава збирка на минерали од Република Македонија и во Македонската академија на науките и уметностите (околу 100 примероци). За одбележување е и обемниот прегледен труд посветен на идентификацијата на минерали со помош на вибрациона (инфрацрвена и раманска) спектроскопија и на рендгенска дифракција на спрашени обрасци што е објавен во списанието Прилози на МАНУ.