Атомско јадро: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нова страница: '''Атомското јадро''' е оној дел од атомот кој е дефиниран од бројот на протони (Z), бројот на ...
(нема разлика)

Преработка од 21:44, 12 август 2008

Атомското јадро е оној дел од атомот кој е дефиниран од бројот на протони (Z), бројот на неутрони (N) и масениот број A, кој е збир од бројот на протони и бројот на неутрони (A = Z+N). Нуклеоните (протони и неутрони) во јадрото се поврзани - нивната вкупна енергија изнесува помалку од вкупната енергија на одделените честички. Врзувачката енергија претставува количество на енергија која е потребна за формирање на јадрото. Доколку се споредат врзувачката енергија и масениот број А, ќе се забележи дека, почнувајќи од водородот, јадрата стануваат постабилни бидејќи има повеќе протони и неутрони, се до железото. По овој елемент, овој тренд е обратен. Како што масениот број расте, односот на неутрони и протони во јадрото станува поголем. Не постојат стабилни атомски јадра со масен број поголем од 83 или со неутронски број поголем од 126. Оваа граница е всушност елементот бизмут. Стабилноста на едно јадро ја овозможува еднаквиот број на протони и неутрони. 168 од стабилните јадра се со еднаков број на овие честички, додека 4 не. Кога бројот на протони и неутрони се намалува или зголемува, настанува јадрено распаѓање (нуклеарна фисија). Генерално, едно јадро ќе се распадне во неколку чекори наречени радиоактивни серии.