Монетарно осамостојување на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 12:
 
== Монетарно осамостојување и воведување на македонскиот денар ==
На [[Велигден]], [[26 април]] [[1992]] година, [[Собранието на Република Македонија]] донело пакет [[закон]]и со кои се поставила институционалната рамка на монетарниот систем и се воведува [[денар]]от како парична единица на Република Македонија. Денарот се дели на 100 дени, а неговиот скратен назив во платниот промет е ДЕН. Името на македонската валута - денар - е донесено на предлог на академик [[Петар Х. Илиевски]], како израз на историскиот континуитет на употребата на [[пари]]те на територијата на Македонија од римската [[антика]] до средновековниот период. Претходно, на состаноците на Комисијата за монетарен систем биле разгледувани неколку предлози за името на македонската валута, како: македонски динар или лав.<ref>Љупчо Трпески, исто, стр. 101-103.</ref> На 27 април 1992 година. започнала замената на книжните [[југословенски динари]] со вредносни бонови во однос 1:1, при што замената трае три дена. Книжните пари што гласат на југословенски динари дефинитивно престануваат да важат како платежно средство во Република Македонија на 29 април 1992, додека кованите пари со апоенска вредност од 1, 2 и од 5 југословенски динари остануваат во оптек уште една година.
 
==Напуштање на вредносните бонови и појава на вистинските пари==