Разлика помеѓу преработките на „Монетарно осамостојување на Македонија“

За спроведување на монетарното осамостојување, во [[1991]] г., [[Владата на Република Македонија]] формира Комисија за монетарен систем во состав: [[Никола Кљусев]] - претседател на Владата, [[Методија Тошевски]] - министер за финансии, [[Борко Станоевски]] - гувернер на НБМ и професорите [[Ксенте Богоев]] и [[Љубе Трпески]]. На [[19 декември]] 1991 г., Владата на Република Македонија носи одлука со која ја овластува [[Народната банка на Македонија]] да го организира процесот на печатење и дистрибуција на вредносни бонови како привремено платежно средство. На [[7 февруари]] [[1992]] г., во трезорите на НБРМ се депонирани 27 858 696 парчиња вредносни бонови, печатени во печатницата "11 Октомври" од [[Прилеп]]. Боновите се издадени во апоенска вредност од 10, 25, 50, 100, 500 и од 1 000 единици со унифициран дизајн и со различна боја. На предната страна на боновите се претставени тутуноберачи, а на задната страна е споменикот [[Македониум]] во [[Крушево]], дело на скулпторот [[Јордан Грабул]]. Заради ефектите на галопирачката [[инфлација]], подоцна се печатат и вредносни бонови со апоенска вредност од 5 000 и 10 000 единици.<ref>Кики Мангова Поњавиќ, Ванчо Каргов, ''60 години централно банкарство во Република Македонија'', Народна банка на Република Македонија, Скопје, 2006, стр. 87-109.</ref>
 
== Монетарно осамостојување и воведување на македонскиот денар ==
На [[Велигден]], [[26 април]] [[1992]] г.година, [[Собранието на Република Македонија]] носидонело пакет [[закон]]и со кои се поставувапоставила институционалната рамка на монетарниот систем и се воведува [[денар]]от како парична единица на Република Македонија. Денарот се дели на 100 дени, а неговиот скратен назив во платниот промет е ДЕН. Името на македонската валута - денар - е донесено на предлог на академик [[Петар Х. Илиевски]], како израз на историскиот континуитет на употребата на [[пари]]те на територијата на Македонија од римската [[антика]] до средновековниот период. Претходно, на состаноците на Комисијата за монетарен систем биле разгледувани неколку предлози за името на македонската валута, како: македонски динар или лав.<ref>Љупчо Трпески, исто, стр. 101-103.</ref> На [[27 април]] 1992 ггодина. започнувазапочнала замената на книжните [[југословенски динари]] со вредносни бонови во однос 1:1, при што замената трае три дена. Книжните пари што гласат на југословенски динари дефинитивно престануваат да важат како платежно средство во Република Македонија на [[29 април]] 1992 г., додека кованите пари со апоенска вредност од 1, 2 и од 5 југословенски динари остануваат во оптек уште една година.
 
==Напуштање на вредносните бонови и појава на вистинските пари==