Познањ: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
|||
Ред 71:
Кон почетокот на [[11 век]] градот имал мали конфликти со паганските подржувачи, за да во [[1038]] година биде освоен од страна на бохемскиот војвода [[Бржетислав I]]. Веќе следната година главниот град бил преместен во [[Краков]]. Во [[1138]] година, според тестаментот на [[Болеслав III]], Полска била поделена во посебни војводства а Познањ и неговата околина припаднала во териториите на [[Мешко III Стариот]], прв од војводите на [[Голема Полска]]. Овој период на фрагментација траел до [[1320]] година. Војводствата често ги проширувале своите територии на влијание. Во еден период Познањ заедно со [[Гнезно]] и [[Калиш]] биле вклучувани во едно војводство, но во други времиња тие претставувале посебни војводства.
Во околу [[1249]], војводата [[Пшемисл I]] започнал со изградба на кралскиот замок кој се наоѓа на ридот на левиот брег од реката [[Варта]]. Во текот на овој период се случила и т.н. [[Германска источна миграција]]<ref name=Brather87156159>{{cite book|last=Brather|first=Sebastian|title=Archäologie der westlichen Slawen. Siedlung, Wirtschaft und Gesellschaft im früh- und hochmittelalterlichen Ostmitteleuropa|publisher=Walter de Gruyter|year=2001|series=Ergänzungsbände zum
Во времето на [[Полско-литванска унија|Полско-литванската унија]], Познањ бил седиште на војводство. Важноста на градот започнала да расте во Јагелонскиот период, поради својата позиција на трговските патишта од [[Литванија]] и [[Рутенија]] во [[Западна Европа]]. Градот станал главен центар за трговија со [[крзно]] кон крајот на [[16 век]]. Приградските населби започнале да се шират околу градските ѕидини, на островите на реката и на десниот брег. Сепак развој на градот бил попречен од страна на редовните големи пожари и поплави. На [[2 мај]] [[1536]] градот бил уништен од пожар. 175 објекти, вклучувајќи го овде и замокот, градското собрание, манастирот и приградската населба наречена Свети Мартин биле целосно зафатени<ref>J. Perles: ''Geschichte der Juden in Posen''. In: ''Monatsschrift für Geschichte und Wissenschaft des Judentums''. Vol. 13, Breslau 1864, pp. 321-334 (in German, [https://books.google.com/books?id=z61K1O9KYooC&pg=PA323 online])</ref>. Во [[1519]] година била основана Лубранската академија како институција за високо образование (но без право на доделување дипломи, право кое му припаѓало на Јагелонскиот универзитет во Краков). Сепак колеџот на [[Језуити]]те кој бил основан во градот во [[1571]] година за време на контра-реформацијата имал право за доделување дипломи од [[1611]] до [[1773]] година.
Ред 82:
Градот продолжил да се проширирува, и разни проекти биле финансирани од страна на полските филантропи. Во овој период биле изградени библиотеката Рачински и хотелот Базар. Првата железничка на градот била отворена во [[1848]] година. Поради својата стратешка локација, пруските власти изградиле нови ѕидини околу градот. По [[Големо полско востание (1848)|Големото полско востание]] од [[1848]] година, војводството ја изгубила својата автонимија додека градот останал единствено седиште на пруската провинција Посен. Во 1871 година градот станал дел од [[Германско Царство|Германското Царство]]. Властите правиле напори да се германизира регионот. [[Германци]]те изнесувале 38% од населението на градот во [[1867]] година, иако овој процент подоцна се намалил, особено откако регионот се вратил во Полска.
Во [[1876]] година започнала нова изградба на тврдини околу градот. Во [[1910]] година била изградена царската палата Замек како и оперската куќа. По [[Првата светска војна]] и [[Големо полско востание (1918-1919)|Големото полско востание]] од 1918-1919 година, Познањ и поголем дел од регионот биле ослободени и ова било потврдено од страна на [[Версајски договор|Версајскиот договор]]. Локалното населението морало да се здобие со полско државјанство или да ја напушти земјата. Ова довело до значителен пад на процентот на етнички Германци, чиј број се намалил од 65.321 во [[1910]] до 5,980 во [[1926]] година и понатаму до 4.387 во [[1934]] година<ref>{{cite book|url=https://books.google.com/books?id=KVg_tMs_ZPIC&pg=PA365&dq=Goetheschule+Graudenz#v=onepage&q=adelnau&f=false|title=Polens Politik gegenüber seiner deutschen Minderheit 1919-1939|first1=Albert S.|last1=Kotowski|page=56|publisher=Forschungsstelle Ostmitteleuropa,
За време на германската окупација на 1939-1945, Познањ од страна на Третиот рајх бил прогласен како главен град на [[Вартеланд]]. Многу полски жители биле егзекутирани, уапсени, протерани или биле испратени на принудна работа. Во исто време во градот се населиле голем број на [[Германци]]. Населението на [[Германци]] се зголемило од околу 5.000 во [[1939]] година (околу 2% од населението) на околу 95.000 во [[1944]] година<ref>Jerzy Topolski. ''Dzieje Poznania w latach 1793-1945: 1918-1945''. PWN. 1998. pp. 958, 1425.</ref><ref>"Trial of gauleiter
Поради протерувањето на германското население, населението на Познањ повторно се намалило. Градот повторно станал седиште на војводство. Во 1950 година големината на војводството било намалено, а на самиот град му бил даден посебен статус на војводство. Овој статус градот го изгубил по реформите од [[1975]] година.
|