Разлика помеѓу преработките на „Бесмртните“

Додадени 3.097 бајти ,  пред 4 години
Опрема
(Историја)
(Опрема)
 
Во текот на последните декади од Ахеменидското Царство, улогата на главниот командант на Бесмртните (''хазарапатиш'') била проширена со тоа што тој станувал и главен министер на кралот.<ref>Jim Hicks, page 61, "The Persians", 1975 Time-Life International</ref> Телохранителите на кралот кои биле во директен контакт со него, од пред тоа биле дел од одредена одбрана чета од илјада силни мажи.<ref>Jim Hicks, page 61, "The Persians", 1975 Time-Life International</ref>
 
==Опрема==
[[File:NAMABG-Colored Alexander Sarcophagus 1 retouched.JPG|thumb|Бесмртните во борба со војската на [[Александар Македонски]]. Бојата е реконструкција на оригиналниот релјеф на [[Александарски саркофаг|саркофагот на Александар]], во Истанбул]]
 
Херодот го опишал нивното наоружување на следниов начин: плетени штитови, кратки која, контејнер за стрели, мечеви или кратки ками, прачки, лак и стрели. Под облеката носеле панцирни палта. Копјето, за разлика од обичните војници, било сребрено, а повисоките офицери имале врвови за копјето од злато.<ref name="livius.org">[http://www.livius.org/ia-in/immortals/immortals.html]. Retrieved 16 May 2009.</ref> Оваа единица била следена од караван со покриени кочии, камили и мазги, кои ги пренесувале потребните продукти за нив, но и конкубини и слуги. Меѓу потребните продукти спаѓала специјална храна што била сервирана само за нив.<ref>Cook, J.M. ''The Persian Empire''. New York: Schocken Books, 1983. Page 105.</ref><ref>''Shadows in the Desert: Ancient Persia at War'', Osprey Publishing, 2007, [https://books.google.com/books?id=p7kltwf9yrwC&lpg=PP1&pg=PA76 page 76]</ref>
 
[[Податотека:Persepolis Apadana noerdliche Treppe Detail.jpg|thumb|right|upright|Војници [[Медијци|Медиец]] (лево) и [[Персија|Персиец]] (десно), резба во [[Персеполис]]. Некои научници сметаат дека ова се Бесмртните.]]
Она што Бесмртните го носеле на главата, се смета дека е персиската [[тијара]]. Не се знае точно каква била формата, но некои извори ја опишуваат како капа од штоф или филц, која можела да се симне врз лицето заради заштита од ветер и прашина во сувите персиски предели.<ref name="livius.org"/> Од зачуваните до денес обоени ахемедски глинени плочи и од резбите на кои се претставени Бесмртните, може да видиме дека тие носеле облеки со многу детали, обетки во форма на круг и златен накит. Сепак, се смета дека вака се облекувале само за свечени прилики.<ref>Volume IX, Encyclopaedia Britannica, Fifteenth Edition 1983</ref>
 
== Референци ==