Разлика помеѓу преработките на „Бесмртните“

Додадени 2.423 бајти ,  пред 4 години
Историја
(Историја)
[[Херодот]] ги опишал „Бесмртните“ како [[тешка пешадија]], водени од [[Хидарн II|Хидарн]], и кои постојано биле точно 10.000 на број. Тој исто така напишал дека името на оваа воена единица доаѓа од обичајот да се замени со нов член секој што е убиен, повреден или болен, со што единицата има постојана сила.<ref>{{cite web |title=The Persian Immortals |url=http://www.livius.org/ia-in/immortals/immortals.html|author=Jona Lendering|date= |work=Ancient Persia |publisher= |accessdate=6 September 2009}}</ref>
 
Оваа елитна единица е наречена „Бесмртните“ само во изворите кои се базираат врз пишувањето на Херодот. Во персиските извори наоѓаме доказ за постоењето на постојана единица, иако не се наречени „Бесмртни“.<ref name=IranChamberImmortals/> „Можно е информаторот на Херодот да ги измешал именките: Anûšiya („пријатели“) и Anauša („бесмртни“)“,<ref name=IranChamberImmortals>[http://www.iranchamber.com/history/achaemenids/immortals.php Lendering, Jona, ''Immortals, Greek name for an elite regiment in the ancient Achaemenid empire'', Iran Chamber Society]</ref> но ова тврдење не е прифатено од [[Рудигер Шмит]].
 
==Историја==
Бесмртните одиграле клучна улога во битките на [[Камбис II]] ([[Битка кај Пелузија|освојувањето на Египет]] во 525 година п.н.е.) и на [[Дариј I]] (освојувањето на помали кралства - северен Пенџаб и Синд, денес во Пакистан, и Скитија, во 520 година п.н.е. и 513 година п.н.е.). Бесмртните учествувале во [[Битка на Термопилите|битката на Термопилите]] во 480 година п.н.е.<ref>{{cite web |title=Thermopylae|author=Jona Lendering|url=http://www.livius.org/th/thermopylae/thermopylae2.html |date= |work=Ancient Persia |publisher= |accessdate=6 September 2009}}.</ref> и биле дел од персиската војска при заземање на Грција, во 479 година п.н.е.
 
Во текот на последните декади од Ахеменидското Царство, улогата на главниот командант на Бесмртните (''хазарапатиш'') била проширена со тоа што тој станувал и главен министер на кралот.<ref>Jim Hicks, page 61, "The Persians", 1975 Time-Life International</ref> Телохранителите на кралот кои биле во директен контакт со него, од пред тоа биле дел од одредена одбрана чета од илјада силни мажи.<ref>Jim Hicks, page 61, "The Persians", 1975 Time-Life International</ref>
 
== Референци ==