Ербас А380: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
сНема опис на уредувањето
Ред 40:
 
Пет авиони А380 се произведени за испитувања и демонстративни цели. Првиот А380 со сериски број МСН001 и регистрација Ф-ВВОВ е претставен на церемонија во Тулуз на 18 јануари 2005. За прв пат А380 полета на 27 април 2005 година во 08:29 УТЦ (координирано унирвезално време). Авионот опремен со мотори Трент 900 на Ролс Ројс, излета од меѓународниот аеродром во Тулуз со шест член екипаж на чело со главниот тест пилот [[Жак Роси]]. По успешното слетување, три часа и 54 минути подоцна, Роси рече дека летањето со А380 е како „возење на велосипед“.
На 1 декамври 2005година, А380 ја достигна максималната брзина од Мах 0.96 (1019 км/ч) наспроти нормалната брзина (за патнички авион) од макс. 0.85 (902 км/ч). На 10 јануари 2006 година, А380 го направи првиот прекуокеански лет до Меделин[[Меделјин]], Колумбија за да се испита работата на моторите на аеродроми со висока надморска височина. За испитување во ладни атмосферски услови А380 слета во Нунавут, Канада.
 
На 14 февруари 2006 година, беа направени испитувања за одобрување на јакоста на крилото, крилото за испитување не издржа на бараниот напон. Ербас направи промена, додавајќи 30 kg на крилото за да се постигне бараната јачина. На 26 март 2006, А380 доби одобрување за евакуација во Хамбург, Германија. Со 8 затворени од вкупно 16 излези, 853 патника и 20 екипаж го напуштија авионот за 78 секунди, коешто е помалку од бараните 90 секунди на стандардите за добивање на одобрување. Три дена подоцна, А380 доби од ЕАСА (Европска агенција за воздушно пловидна безбедност) и ФАА (Федерална управа за воздушна пловидба) одобрување за носење на 853 патника.