Петко Каравелов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 6:
Петко Каравелов е роден на 24 март 1843 година во [[Копривштица]]. Тој е помалиот брат на големиот бугарски општественик и револуционер [[Љубен Каравелов]]. Како дете учи во [[Копривштица]], а потоа е испратен од својот татко во грчко училиште во [[Енос |Енос]], [[Грција]], за да ја продолжи семејната трговска традиција од која неговиот брат Љубен бега. Со помош на [[Најден Геров]] заминува и завршува гимназија во [[Москва]]. Во 1861 година студира на Московскиот филололошко-историски факултет, а подоцна - по неколкогодишен прекин завршува право во [[Русија]].
 
[[Податотека:Lora Karavelova.jpeg|мини|лево|300п|Лора Каравелова (првата лево) со свои соученичка]][[Податотека:Graves of Petko- Karavelov-grave and Ekaterina Karavelova.jpg|мини|десно|250п|Гробот на Петко Каравелов]]
За време на [[Руско-турска војна (1877-1878)|Руско-турската војна]] Петко Каравелов е запишан во штабот на руската армија. Така се враќа во [[Бугарија]]. Веќе со утврден авторитет е назначен за вицегубернатор на градот [[Видин]] и окружен гувернер на градот [[Трново]]. Активно учествува во создавањето на [[Трновски устав|Трновскиот устав]], пратеник е и во бугарското основачко собрание. Каравелов е претседател на радикалното крило на Либералната партија, а на 37 годишна возраст, во 1880 станува и премиер на Бугарија <ref>Ташев, Ташо. Министрите на България 1879-1999. София, АИ „Проф. Марин Дринов“ / Изд. на МО, 1999.</ref>. Во 1881 година на чело на државата е кнез [[Александар Батенберг]], кој по државниот удар го воведува т.н. "Режим на полномошната". Законите се воени, а уставот е санкциониран. Петко Каравелов е принуден да емигрира во [[Романија]]. Подоцна заминува за [[Пловдив]], каде што работел како гимназиски учител и станува градоначалник во периодот 1881 - 1883 година.