Наколец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 50:
 
== Стопанство ==
 
Наколчани својата егзистенција во минатото и денес, главно, ја обезбедувале преку поледелството и сточарството. Во рамките на поледелството, сè до шеесеттите години на {{римски|20}} век, најмногу биле застапени житариците (пченица, ’рж, јачмен, овес, пченка), градинарските култури (грав, пипер, домати, праз, бостан, кромид, лук, и др.) и лозарството. Во рамките на сточарството најмногу се одгледувале овци, волови, биволи и коњи. Наколчани, порано, многу повеќе од денес се занимавале и со риболов. Доста се одело на печалба. Селото има услови за развој на туризмот.<ref name="книга" />
 
== Население ==
 
Во текот на своето постоење, Наколец го бележело следниот демографски развој: во 1568/69 година селото имало 34 семејства, од кои 6 муслимански и 28 христијански (опширен пописен дефтер за казите Горица, Биглишта и Хрупишта); во 1865 година 40 мухамедански куќи (Ј. Хан); во 1889 година 56 куќи од кои 25 македонски и 31 албанска и 213 жители Македонци и 129 жители Албанци од машки пол (С. Верковиќ).<ref name="книга" />
 
Според податоците на [[Васил К’нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика]]“) од [[1900]] година, во селото Наколец имало 186 жители [[Македонци]] [[христијани]], 30 [[Турци]] и 70 [[Албанци]] муслимани.<ref>[http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_36.htm Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.]</ref> По податоците на секретарот на [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]], [[Димитар Мишев]] („[[La Macédoine et sa Population Chrétienne]]“) во [[1905]] година во Наколец имало 368 жители.<ref>D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 170-171.</ref>
 
Според пописот од 2002 година, во селото Наколец имало 262 жители, од кои 81 [[Македонци|Македонец]], 158 [[Албанци]] и 15 [[Роми]].<ref name="попис" />
 
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Наколец:
 
{| class="wikitable"
|-
! Години
! Македонци
! Албанци
! Турци
! Роми
! Срби
! {{крат|Ост.|Останати}}
! Вкупно
|- style="text-align:center;"
| 1948
| —
| —
| —
| —
| —
| —
| 620
|- style="text-align:center;"
| 1953
| 293
| 328
| 12
| 0
| 2
| 0
| 635
|- style="text-align:center;"
| 1961
| 242
| 391
| 4
| 0
| 0
| 0
| 637
|- style="text-align:center;"
| 1971
| 274
| 458
| 5
| 0
| 0
| 2
| 739
|- style="text-align:center;"
| 1981
| 180
| 439
| 0
| 0
| 0
| 7
| 626
|- style="text-align:center;"
| 1991
| 160
| 296
| 0
| 16
| 0
| 61
| 533
|- style="text-align:center;"
| 1994
| 94
| 175
| 0
| 16
| 0
| 10
| 295
|- style="text-align:center;"
| 2002
| 81
| 158
| 0
| 15
| 0
| 8
| 262
|}
 
<small>* Извор: [[Државен завод за статистика на Република Македонија]] (1953-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години</small>
 
=== Родови ===
 
Селото Наколец е населено со [[Македонци]] од православна христијанска и [[Албанци]] од исламска односно муслиманска вероисповед. Македонски родови во Наколец се: ''Арваштани'' кои се доселиле од с.[[Арвати]], ''Барандовци'', ''Барџовци'', ''Вокановци'', ''Грпчевци'', ''Гоџовци'' или ''Ничевци'', ''Димовци'', ''Диневци'', ''Геровци'', ''Јанкуловци'', ''Крпачовци'', ''Поповци'', ''Милевци'', ''Тодоровци'' или ''Фотевци''<ref name="населби во Преспа">{{наведена книга|last=Јовановски|first=Владо|title=Населбите во Преспа - местоположба, историски развој и минато|year=2005|publisher=Ѓурѓа|location=Скопје|language=македонски|isbn=9989-520-55-9|pages=209-215}}</ref>. Албански родови во Наколец се: ''Ајредини'' дојдени од местото Гирит Аласи во [[Грција]] околу 1840 година, ''Абази'' дојдени од Фрашери во [[Албанија]] во 1902 година, ''Велиу'' дојдени од [[Крани]] во 1927/28 година, ''Ганиу'' дојдени од Пљаса во [[Албанија]] околу 1850 година, ''Есати'' дојдени од с.[[Грнчари]] во 1910 година, ''Исљами'' се најстар албански род во селото кои се делат на семејствата Камбери, Шерифи, Арслани, Бануши и Шемпшедини, ''Исаи'' или Садику дојдени од [[Љубојно]] околу 1820 година, ''Раповци'' дојдени од [[Поградец]] во Албанија околу 1860 година, ''Суљо'' дојдени од [[Кожани]] во Грција во 1906 година, ''Стропанци'' дојдени од местото Стропан близу [[Билишта]] во Албанија околи 1870 година.<ref name="населби во Преспакнига" />.
 
== Општествени установи ==
 
* Подрачно училиште „Димитар Влахов“
 
== Самоуправа и политика ==
 
Селото влегува во рамките на [[Општина Ресен]], една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Ресен.
 
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Ресен. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Ресен.
 
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Љубојно, во која покрај селото Наколец, се наоѓале и селата Арвати, Брајчино, Долно Дупени, Крани, Љубојно, Сливница и Штрбово. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Љубојно, во која влегувале селата Брајчино, Долно Дупени, Наколец и Љубојно.
 
== Културни и природни знаменитости ==
Ред 79 ⟶ 183:
 
== Редовни настани ==
 
* [[Свети Никола]] (зимен и летен) — селска слава
 
== Личности ==
 
* [[Ристо Василевски]] (р. [[1943]]) — поет, есеист, критичар, преведувач
<!--== Култура и спорт ==
 
== Иселеништво ==-->
== Култура и спорт ==
 
== Иселеништво ==
 
== Наводи ==
{{наводи}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Наколец