Злетовска област: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
средување и додавање на слики
Нема опис на уредувањето
Ред 18:
Територијално административната положба на Злетовско-пробиштипскиот регион непосредно по [[Првата светска војна]], го задржала организациониот систем уште од времето на турското владеење. Постоеле општините: Злетово со седиште во Злетово, Пробиштип со седиште во Пробиштип, [[Лесново]] со седиште во с. Лесново, Калниште со седиште во с. Калниште<ref>Co одлука на Собранието од 1973 година Рудничката населба, село [[Калниште]] и Пробиштип се прогласени за град - Пробиштип.</ref> и Трооло со седиште во с. Трооло. Во секоја општина припаѓале околните населени места. Ваква поделба се задржала до донесување на првиот устав таканаречен [[Видовденски]] во 1921 година. Co овој устав настанува нова поделба. Општината Пробиштип се укинува, a се формира нова Плешинска со седиште во село [[Плешинци]] и во село [[Долно Барбарево]].
 
Во 1931 година, општините Плешенска, Лесновска и Калнишка се припојуваат кон Злетовската со седиште во Злетово<ref>Кондев, Тодор. „Злетовска област“. 1974. стр. 13.</ref> Троолската останува со седиште во с. Трооло, додека општината од с. Долно Барбареово се припојува кон село [[Немањинци]].
 
== Галерија ==