Френсис Дрејк: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 46:
Во [[1577]] [[Елизабета I]] го испратила Дрејк да започне експедиција против Шпанците на тихоокеанскиот брег на Америките. Тргнал од Плимут на 15 ноември 1577, но набргу ги зафатило лошо време и биле приморани да се засолнат во [[Фалмаут, Корнвол]], откаде што се вратиле во [[Плимут]] за поправки. Повторно запловиле на 13 декември, на бродот ''Пеликан'', со други пет бродови и екипаж од 164 луѓе. Наскоро флотата пораснала со шести брод, ''Мери'' (старо име ''Санта Марија'') која што била одземена од Шпанците.
 
Флотата на Дрејк претрпела доста штети; ги загубил ''Кристофер'' и ''СванСвон'' поради загуба на екипаж во прекуатлантското патување. Во [[Сан Хулијан]], [[Аргентина]], било увидено дека ''Мери'' е изгниена, и била изгорена. По судењето и егзекуцијата на [[Томас Даути (истражувач)|Томас Даути]], Дрејк одлучил да ја помине зимата во [[Сан Хулијан]] пред да се впушти низ [[Магеланов Проток|Магелановиот проток]].
 
Трите негови бродови запловиле кон [[Магеланов проток|Магелановиот проток]]. Неколку недели подоцна (септември 1578) Дрејк излегол на Тихиот Океан, но силните бури уништиле еден од бродовите и тоа го приморало повторно да се врати во Англија, оставајќи го неповреден само ''Пеликан''. По преминот ''Пеликан'' пловел на југ и Дрејк, како и морепловците пред него, најверојатно достигнал латитуда од 55° (според астрономските податоци наведени во [[Ричард Хеклут|хеклутовата]] "Основни навигатори" од 1589) околу [[Чиле]]анскиот брег<ref name=Wagner>Вагнер, Хенри Р., ''Sir Francis Drake's Voyage Around The World: Its Aims And Achievements'', издавачка куќа Kessinger Publishing, LLC, 2006, ISBN 1-428-62255-1</ref>. И покрај општоприфатеното мислење, се смета дека не го достигнал [[’Рт Хорн|’ртот Хорн]] или истоимениотпо него наречениот [[Дрејков Премин]]<ref name=Wagner/>, поради тоа што неговите описи не соодветствуваат со првоспоменатиот и неговите сопатници одрекле дека виделе отворено море.<ref name=Kelsey>Келси, Хери, ''Sir Francis Drake; The Queen's Pirate'', издавач: Yale University Press, Њу Хејвен, 1998, ISBN 0-300-07182-5</ref>
 
Пред пристигнувањето на брегот на Перу, Дрејк го посетил островот [[Моча]] каде што бил сериозно ранет од домородците [[Мапуче]]. Подоцна го ограбил пристаништето [[Валпараисо]] уште по на север во Чиле.