Хартија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
Целата технологија при производство на хартијата, општо кажано, се изведува со помош на два главни процеси и тоа: механички и хемиски. Под механички процес се подразбира самото мелење на дрвната маса и нејзината механичка обработка (отстранување на нечистотиите, варењето на смесата и сл.). Но за да ги добие своите конечни својства, (белина, трајност, отпорност и сл.) хартијата мора да претрпи и одредени хемиски процеси како што се додавање на разни хемиски средства (хлорин, озон, хидроген и т.н) кои хартијата ја прават мазна и бела. Хартијата добиена од дрвна маса е доволно добра за широка употреба но постојат одредени ограничувања, односно истата има релативно краток рок на употреба, со текот на времето пожолтува и старее, лесно се кине и уништува. Таквата хартија се користи за секојдневна употреба почнувајќи од обична тоалетна хартија па се до хартија за цртање и пишување, издаваштво и сл..
За добивање на високо квалитетна хартија која има многу долг век на траење и употреба, се користи памукот како основна суровина. Главна карактеристика на хартијата добиена од памукот е што таквата хартија не жолтее со текот на времето и ги задржува своите својства дури и по многу години на употреба. Начинот на производство е идентичен како и во преходниот случај за хартијата добиена од дрвната маса. Памучната хартија е прикладна за сите видови печатење поради нејзиното својство за апсорбирање на мастилото. На сликата бр.2 можеме подобро да го видиме целиот процес на добивање на хартија кој во основа е ист без разлика дали се работи за хартија добиена од памук, дрвна маса или од отпадна хартија.
лкдјфхдј
 
== Видови хартија ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хартија