Хамлет: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 95.180.183.101 (разговор), вратено на последната верзија на 188.44.24.66
Ред 47:
Во кралството владее немир, зашто се очекува напад од синот на покојниот норвешки крал. Веќе три ноќи по ред, стражарите го забележуваат [[дух]]от на мртвиот крал (таткото на Хамлет) како шета по тврдината облечен во воен оклоп. Тие му ја соопштуваат веста на Хамлет, кој е многу тажен поради смртта на татко му и потиштен поради бракот на неговиот стрико и мајка му. Истовремено, Хамлет покажува наклонетост кон Офелија, ќерката на дворскиот советник Полониј. Братот на Офелија заминува во [[Франција]], а нејзиниот татко ја советува да се држи подалеку од Хамлет. Следната ноќ, духот се покажува повторно и му ја кажува на Хамлет вистината за смртта на татко му: додека спиел во градината бил отруен од својот брат. Притоа, духот го повикува Хамлет на одмазда, но со молба да ја поштеди мајката. Хамлет ги повикува другарите да се заколнат дека нема да го предадат, кажувајќи им дека може да се случи тој да започне да се однесува чудно во идниот период.<ref>Viljem Šekspir, ''Hamlet''. Beograd: Rad, 1959, стр. 5-37.</ref>
 
===Втор чин.===
Полониј го испраќа својот слуга во Франција за да дознае како се однесува син му. Офелија му кажува на својот татко дека ја посетил Хамлет со многи необично однесување и Полониј помислува дека Хамлет полудел поради невозвратената [[љубов]]. И [[крал]]от и кралицата мислат дека Хамлет полудел, но тие ја бараат причината во неговата тага поради [[смрт]]та на татко му. Полониј им го кажува своето објаснување, а во разговорот со него Хамлет се прави луд. Во дворецот доаѓаат и верните пријатели на Хамлет, Розенкранц и Гилденстерн, кои се повикани од кралот за да му помогнат на Хамлет да ги оттргне лошите мисли. Најпосле, во дворецот пристигаат глумци кои треба да го орасположат Хамлет. Тој ги замолува да одиграат претстава во врска со [[убиство]] во која ќе изрецитираат еден говор што ќе го напише тој самиот.<ref>Viljem Šekspir, ''Hamlet''. Beograd: Rad, 1959, стр. 38-64.</ref>
===Трет чин===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хамлет