Втора светска војна: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 79.126.240.25 (разговор), вратено на последната верзија на P.Nedelkovski
Ред 124:
Во Африка, британските сили, загрижени дека Јапонија би можела да превземе команда врз базите во Мадагаскар, тогаш под контрола на Вишкиот Режим, било повод за да го окупираат островот во [[Битка за Мадагаскар|Битката за Мадагаскар]], која траела од 5 мај до 6 ноември 1942, а завршила со победа на Сојузниците.<ref>Paxton, Robert O. ''Vichy France: Old Guard and New Order, 1940–1944'', стр. 313.</ref> На ова, силите на Оската реагирале со офанзива во Либија во [[Битка за Газала|Битката за Газала]], која траела од 26 мај до 21 јуни 1942, а завршила со победа на силите на Оската, окупирајќи го градот Газала во близина на пристанишниот град Тобрук. Ваквата офанзива на силите на Оската ги принудила силите на Сојузниците да се повлекуваат во Египет, се до [[Прва Битка за Ел Аламејн|Првата Битка за Ел Аламејн]], која траела од 1 јули до 27 јули 1942, а завршила со победа на Сојузниците.<ref>Rich, Norman. ''Hitler's War Aims: Ideology, the Nazi State, and the Course of Expansion'', стр. 178.</ref> Во континентална Европа, серии на напади од страна на сојузничките командоси кулминирала со нападот на Дијеп, уште попознат како [[Битка за Дијеп|Битката за Дијеп]], кој се случил на 19 август 1942, а завршил со тактичка победа на германските сили.<ref>Penrose, Jane. ''The D-Day Companion'', стр. 129.</ref><ref>Robin Neillands. ''The Dieppe Raid: The Story of the Disastrous 1942 Expedition.'' (Indiana University Press, 2006).</ref> [[Битка за Алам ел Халфа|Битката за Алам ел Халфа]], уште попозната како Битката за Алам Халфа траела од 30 август до 5 септември 1942, се одвивала јужно од Ел Аламејн, а завршила со успешна одбрана на силите на Сојузниците од силите на Оската, со што Сојузниците успеале да достават воена помош наменета за потребите на Малта, по што опсадата на Малта од страна на Италија и Германија започната на 11 јуни 1940 завршила во декември 1942 со победа на Сојузниците.<ref>Thomas, David Arthur. ''A Companion to the Royal Navy'', стр. 265.</ref> По ова следела [[Втора Битка за Ел Аламејн|Втората Битка за Ел Аламејн]], уште попозната како историската Битка за Ел Аламејн, која траела од 23 октомври до 5 ноември 1942, а завршила со одлучна победа на Сојузниците. По оваа битка силите на Оската биле принудени да се повлечат западно кон Либија.<ref>Thomas, Nigel. ''German Army 1939–1945 (2): North Africa & Balkans'', стр. 8.</ref> По ова следувала [[Операција Torch|Операцијата Torch]] или Операција Факел, предводена од англо-американските сили на Сојузниците, чијашто цел била окупирање на териториите окупирани од страна на Франција во северна Африка, тогаш под окупација на Вишкиот Режим. Операцијата траела од 8 ноември до 10 ноември 1942, а завршила со победа на Сојузниците.<ref name="AWP38">Ross, Steven T. ''American War Plans, 1941–1945: The Test of Battle'', стр. 38.</ref> На ова Хитлер реагирал со окупацијата на европските делови на Франција окупирани од страна на Вишкиот Режим,<ref name = "AWP38" /> која што завршила успешно за здружените германско-италијански сили на Оската. Иако Вишкиот Режим не пружил речиси никаков отпор, сепак помогнал во евакуацијата на француската морнарица од градот Тулон, со цел да ја спречи Германија да превземе команда врз истата.<ref>Bonner, Kit; Bonner, Carolyn. ''Warship Boneyards'', стр. 24.</ref> Тогаш веќе приклештените сили на Оската во Африка биле принудени да се повлечат во Тунис, кој бил окупиран во [[Туниска Кампања|Туниската Кампања]], која траела од 17 ноември 1942 до 13 мај 1943, а завршила со победа на Сојузниците.<ref>Collier, Paul. ''The Second World War (4): The Mediterranean 1940–1945'', стр. 11.</ref>
 
=== Сојузниците се здобиваат со Da mi jaete kuroбрзина ===
[[Податотека:Bombing of Hamburg.ogg|десно|мини|Видео снимка прикажувајќи ги бомбардирањата на [[Хамбург]] од страна на Сојузниците.]]
[[Податотека:IND_004723.jpg|десно|мини|Британски војници испукувајќи од минофрлач во [[Битка за Имфал|Битката за Имфал]].]]