Хесиод: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
==Живот==
[[File:Moreau, Gustave - Hésiode et la Muse - 1891.jpg|thumb|250px|„Хесиод и музата“ од Густав Моро]]
Уште од античко време е вообичаено животот на Хесиод да се врзува со [[Хомер]]. Според [[Херодот]], тие двајца им ги дале боговите на [[ХелениХеленистички период|Хелените]]те. Сепак, во научните кругови сè уште не е јасно чија поезија е постара. Нововековната традиција предност ѝ дава на Хомеровата поезија, временски поставувајќи го нејзиното создавање во подолг период пред VIII в.п.н.е., додека, пак, поезијата на Хесиод ја сместува во времето кон крајот на VIII век пред нашата ера.
Оваа теза се должи на примери од кои треба да се види дека Хесиод тешко може да се разбере доколку не се познава Хомер. Но, првите сомнежи дека оваа теорија е точна се јавуваат зашто во античката традиција никаде недвосмислено не се тврди дека Хомер е постар од Хесиод. Дури, Херодот прв го спомнува Хесиод, а потоа Хомер, исто постапува и комедиографот [[Аристофан]]. Од еден легендарен приказ на поетски натпревар, кој веројатно е од подоцнежен период, имаме упатување на еднаква старост на двајцата поети, зашто тие се јавуваат како соперници.<ref>Митевски, Витомир, „Дела и дни“ од Хесиод, „На исконот на хеленската духовност“ предговор кон делото, Култура, Скопје, 1996</ref>
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хесиод