Хуманизам и ренесанса: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Додавање
Одбиена последната промена (од 46.217.35.17) и ја поврати преработката 3323085 на Dexbot
Ред 11:
Хуманизмот и ренесансата имаат географско ограничување. Движењето се развива во Италија, и се шири во Франција, Шпанија, Англија, Полска, Холандија и Дубровник, но не ги зафаќа другите земји. Многу од европските народи не ги вкусија плодовите на хуманизмот и ренесансата и останаа во средновековната темнина.
Наместо средновековното запоставување на животот, ренесансата протежирала уживање во животот. Идеалниот човек треба да биде благороден и слободен, својот дух да го облагородува со виталната моќ на старата антика, да стане сестран човек, да биде универзален. Треба да биде во центарот на настаните, а не повлечен како дотогаш. Ренесансниот човек треба да е градител на својата судбина и ковач на својата среќа. Се ѕидаат импозантни дворци, украсени со орнаменти, скулптури и мебел. Се организираат раскошни гозби и свечености, се покажува богатството. Богатите аристократи се појавуваат како финансиери на уметноста и науката, во улога на т.н. мецени. Најпознат во тоа време бил [[Фиренца|фирентинскиот]] мецена кнезот [[Лоренцо де Медичи]], кој и самиот пишувал песни.Во текот на XIV век Италијаниските градови-републики прераснале во најразвиени економски културни центри во европа.
 
==Залезот на хуманизмот и ренесансата==
Кон крајот на 16 век веќе ова движење е многу слабо. Почнал да се губи оној восхит од животот, а творечкиот елан се преполовил. Се јавува ново движење, како реакција на [[католицизам|католицизмот]], при што реформаторите настојуваат да си ги повратат загубените позиции меѓу народот. Почнуваат да горат кладите низ Италија, Шпанија и Франција. Книгите се повторно забранети.За ренесансата во Италија бил Данте Алигиери со неговото дело ''Боженствена'' ''Комедија''
 
== Наводи ==