Ацо Шопов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Податокот дека Светлана Шопова е поетеса не е точен (иако е можеби објавен во Мугри) Таа ми е мајка и знам што зборувам.
Ред 29:
По [[Втора светска војна|војната]], Ацо Шопов матурирал во родниот град и заминал за [[Скопје]], каде ги завршил студиите на [[Филозофски факултет - Скопје|Филозофскиот факултет]], на отсекот по чиста [[филозофија]]. Подоцна, работел како уредник во литературните списанија и весници ''Нов ден'', ''[[Млад борец]]'', ''Иднина'', ''Хоризонт'', ''Современост'', како главен уредник на сатиричниот неделник ''[[Остен]]'', што го поттикнало да објави серија сатирични песни, подоцна групирани во збирката ''Јус-универзум'' (1968).
<br />
На [[30 септември]] [[1958]] година Ацо Шопов се венчал со Светлана Шопова, која исто така била поетеса.<ref>Спасе Шуплиновски, „Догодина 50 години Мугри“, ''Мугри'', Алманах бр. 10. Скопје: Сојуз на студенти на Филолошкиот факултет, 2005, стр. 113-114.</ref>
<br />
На [[18 август]] [[1967]] година, Шопов бил избран како еден од првите членови на [[Македонска академија на науките и уметностите|Македонската академија на науките и уметностите]], а една година подоцна и за дописен член на [[Српска академија на науките и уметностите|Српската академија]]. Ацо Шопов бил добитник на највисокото југословенско признание, наградата „[[АВНОЈ (Награда)|АВНОЈ]]“ (1970), како и на литературните награди: „[[Рацинова награда|Кочо Рацин]]”, за збирките ''Слеј се со тишината'' (1956) и ''Гледач во пепелта'' (1970); „[[11 Октомври (награда)|11 октомври]]”, за преводот на ''[[Хамлет]]'' (1960) и за животно дело (1981); „Змаеви детски игри”, за препевот на песните на [[Јован Јовановиќ - Змај|Јован Јовановиќ-Змај]] (1967); „[[Браќа Миладиновци (награда)|Браќа Миладиновци]]”, за збирката ''Песна на црната жена'' (1977).