Трескавец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 26:
 
За трескањето на громот од кое се разрушила едната купола по што манастирот го добил своето име запишал и македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]] во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година<ref>Петров, Гьорче. ''Материали по изучванието на Македония''. Печатница Вълковъ, София. стр.93</ref>.
[[File:Трескавец 1930.jpg|thumb|мини250п|лево|Манастирот Трескавец сликан за време на научната експедиција на Загрепската минералошка школа во 1930]]
Трескањето е меморирано и во едно друго народно предание, запишано од Ј. Хаџи-Васиљевиќ, кој во врска со преименувањето на месноста од [[Златоврв]] во Трескавец вели дека откако царицата Кала Марија(Елена), жената на Бајазит посакала да се причести во манастирот, а тоа не ѝ било дозволено од страна на владиката, толку се налутила што наредила да се заколат сите калуѓери (300 на број). Понатаму преданието кажува дека по овој чин од крвта на калуѓерите излегол страшен ѕвер: змеј/змев кој владеел со манастирот цели 160 години се додека еден ден Бог не пуштил гром на големото црковно кубе кое паднало врз змејот и го убило. „До овој момент“ - вели преданието – „и манастирот и целата планина се викале Златоврв, а од тогаш населението ги нарекло Трескаец по зборот треска - како што се нарекува громот во овој крај“.