Рустем-паша: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 31:
 
По пет години тој бил поставен за главен везир. За неговиот политички напредок голема улога имала [[Рокселана]] која била мајка на неговата сопруга. Како главна задача на Рустем при назначувањето за [[Голем везир]] била намалување на инфлацијата и полнење на државната каса. Според историските извори неговиот однос кон семејството бил доста ладен бидејќи не ги примил по нивното доаѓање во престолнината.
 
Како Голем везир, тој стекнал огромно богатство. Еден дел од од своето богатство го искористил за изградба на на јавни згради, џамии и добротворни фондации. Во времето на неговата смрт во Цариград на [[10 јули]] [[1561]] година, неговиот личен имот вклучувал 815 земји во [[Румелија]] и [[Анадолија]], 476 мелници, 1.700 робови, 2.900 воени коњи, 1.106 камили и.т.н.
 
[[Рустем-пашина џамија]] се наоѓа во Еминону, и била изградена во периодот од 1561-1563 година од страна на [[Мимар Синан]].
 
Рустем-паша се смета дека бил еден од главните виновници за егзекуцијата на [[шехзаде Мустафа]]. По неговата смрт, јаничарите и војниците кои биле на страната на Мустафа протестирале против одлуката на Сулејман, и главно ги обвинувале Рокселана и Рустем-паша. По ова Рустем-паша бил ослободен од позицијата голем везир и бил испратен назад во [[Истанбул]].