Марихуана: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
==Распространетост на марихуаната==
Марихуаната била позната во Централна [[Азија]] и [[Кина]] околу 3.000 п.н.е, кога главно била користена како [[лек]]. Марихуаната почнала широко да се користи во [[САД]] во [[1960|60-тите]] и [[1970|70-те]] години и била поврзана со „[[хипи]]“ движењето. Потоа се проширила во [[Европа]], а во [[Македонија]], нејзината зголемена употреба потекнува од почетокот на [[1990]]-тите. Во поново време, во повеќе земји се забележува тренд на легализација на употребата на марихуаната, особено за [[Медицина|медицински]] цели. Такви законски прописи се донесени во некои сојузни држави во САД, како и во некои држави во Европа.<ref>Ставре Грамов, „Не за легализација на марихуаната“, ''Општина Аеродром'', број 61, година IX, ноември-декември 2014, стр. 24-25.</ref> За марихуаната има многу жаргонски имиња, како на пример: „трева“, „џоинт“, „хаге“, „зелено“, „вутра“, „ганџа“, „грање“ итн.''шраф'',''
==Ефекти од марихуаната==
Ефектите предизвикани од марихуаната се манифестираат веднаш по вдишувањето на чадот од цигарата, најголемиот интензитет го добиваат по 15-30 минути, а траат до два до шест часа. Сепак, ефектите се индивидуални и зависат од телесната градба на корисникот, должината на времето на користење, квалитетот на марихуаната итн.<ref>Ставре Грамов, „Не за легализација на марихуаната“, ''Општина Аеродром'', број 61, година IX, ноември-декември 2014, стр. 24.</ref>