Горно Доброшко Езеро: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 13:
 
 
'''Горнодоброшкото езеро''' е глацијално [[езеро]]<ref>''Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina''.</ref> и едно од 27-те на [[Шар Планина]]. Заедно со [[Долнодоброшко езеро|Долнодоброшкото езеро]] ги сочинуваат '''Доброшките езера''' Името го добиле по селото [[Доброште]], кое се наоѓа веднаш под нив на самото подножје на планината<ref>''[[Кузман Најденоски]]: „Тетово во минатото“, издание од [[1964]] година. Печатница „Напредок“ [[Тетово]]''</ref>. Се наоѓа на 2.440 m [[надморска висина]], во вдлабнатина (цирк) веднаш во подножјето на [[Езерски Врв]]. Долго е 125, а широко е 50 метри. Длабоко е преку 1,5 метри. Има површина од 1.200 m²<ref>''[[Живко Стефановски]], Напредок [[Тетово]], [[Шар Планина]], стр 50''</ref>. На средината на северниот брег има мало вдлабнување во вид на полуостровче, кое на тркалезниот облик на целото езеро му дава изглед на срце или јаболко.
[[File:Горно Доброшко Езеро 02.jpg|Глетка на Горното Доброшко Езеро|thumb|мини|лево|Поглед на Горното Доброшко Езеро]]
Се наоѓа на карпест басен, речиси без никакво зеленило. По дното забележлив е наносот. Езерото е постојано -не пресушува, но преку летото опаѓа за половина метар, бидејќи пресушуваат поточињата што се влеваат во него.<ref>''Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година''</ref>. Се одликува со многу бистра и студена вода, чија проѕирност се должи на протечноста на водата која се влева и истекува од него како и од каменестата околина и дно. На ливадата веднаш до самото езеро, се поставуваат шаторите од кампот за првото ноќевање на Западната македонска планинарска трансферзала „Љуботен - Охрид“.