Тешањ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 38:
}}
'''Тешањ''' — град и општина во северниот дел на [[Босна и Херцеговина]], како дел од [[Зеничко-добојски кантон|Зеничко-добојскиот кантон]]. Според податоците од пописот во [[2013]] година, Тешањ има 5.531 жители.
 
== Историја ==
Сегашното име на градот за првпат се споменува во [[1461]] во повелбата на кралот [[Стефан Томашевиќ]] до неговиот чичко [[Радивој Остојиќ]].
 
Во периодот од втората половина на [[15 век]] и првата половина на [[16 век]], историјата на Тешањ била прилично хаотична. Босна била на местото каде најчесто била границата помеѓу [[Отоманското Царство]] и Унгарското Царство. Поради тоа, регионот често бил освојуван од двете страни.
Од [[1512]] година Тешањ билбил вклучен во територијата на Отоманското Царство за неколку векови. Во времето на Гази Ферхад-паша, градот доживеал економски развој и била изградена Ферхадиевата џамија (1563), која сеуште се наоѓа во стариот дел на градот. Гази Ферхад-бег починал во [[1568]] и бил погребан во дворот на џамијата.
 
Старата куќа на семејството Еминагиќ е најстарата куќа во Тешањ, и се смета дека била изградена на крајот на [[17 век]]. Во стариот дел на градот се наоѓа [[Тешањска тврдина|Тешањската тврдина]], која била центар на економскиот и културниот живот на Тешањ. Во центарот на градот била развиена трговијата во текот на 17 и 18 век, кога имало 40 продавници.
 
Саат-кулата била изградена во [[17 век]]. Од вкупно 21 кули кои биле изградени во Босна и Херцеговина, оваа кула е една од четирите кои сеуште постојат. Таа е висока 18,5 метри.
 
Гробот на поетот Муса Ќазим Чатиќ се наоѓа на гробиштата „Објешеница“ во центарот на градот. И покрај тоа што тој е роден во Оџак во 1880 година, тој целиот свој живот го посветил на градот Тешањ, каде што починал во [[1915]] година.
 
Од 1929 до 1941 година, Тешањ бил дел од [[Врбаска бановина]] на Кралството Југославија.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тешањ