Македонски фронт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Историјат: дополнување
Ред 19:
Според бугарските историски извори, клучната борба за Кајмакчалан започнала на [[15 септември]] [[1916]] година попладнето, кога српската војска се приближила до позициите на кои биле стационирани четири бугарски артилериски батерии. Притоа, Дринската дивизија го напднала Кајмакчалан со поддршка на 50 тешки артилериски орудија и со многу [[минофрлач]]и. Како резултат на тоа, српските војници успеале да ги преминат дури и жичените пречки поставени пред бугарските ровови, но по противнападот на 11. Сливенски полк, српските сили биле одбиени, со големи загуби. На 16 и [[17 септември]], Србите повторно го нападнале врвот, но бугарската војска успеала да ги одбие нападите, иако со големи загуби. Особено биле тешки загубите на 11. Сливенски полк, кој ги загубил сите подофицери и голем дел од офицерите. Затоа, за одбрана на Кајмакчалан биле испратени Шипченскиот и дел од 23. полк.<ref>„Само Македонците немаат споменик иако гинеле од двете страни на фронтот!“, ''Публика - неделен политички прилог'', број 300, сабота, 24 септември 2016, стр. 7.</ref>
 
Осмата тунџанска дивизија, која го бранела фронтот во должина од 60 километри, била нападната од четири српски и една француска дивизија, како и една руска бригада. Притисокот врз бугарската одбрана особено се засилил по нападот на француските и руските единици на потегот Бигла – Арменохор, така што, на [[18 септември]], француската војска го зазела Лерин. Истовремено, на 18 и [[19 септември]], за време на жестоките напади на Кајмакчалан, 11. Сливенски полк ги загубил сите командири на чети и половина од војниците. Сепак, и српската војска имала тешки загуби и не успеала да ја заземе втората линија на бугарската одбрана. На [[20 септември]], по претходна артилериска подготовка, [[Срби]]те повторно го нападнале Кајмакчалан, но бугарската војска го одбила и тој напад. Три дена подоцна, Србите успеале да стигнат на само 50 метри од врвот, но и тој напад бил одбиен, со големи загуби на двете страни. Истиот ден, во 16 часот, српската војска го обновила нападот, но била вратена назад со бочен противнапад од страна на резервите на бугарската војска. Со големи загуби, српските сили се повлекле, но на [[24 септември]] бугарската одбрана повторно била изложена на силен артилериски оган. На [[25 септември]], српските сили пак се доближиле на само 100-150 чекори до бугарските ровови на Кајмакчалан, но повторно биле одбиени, претрпувајќи огромни загуби. Според бугарските воени извори, тоа бил последниот воен успех на бугарската војска на Кајмакчалан. Во следните три дена, бугарската одбрана била изложена на силен артилериски оган, така што на врвот останале само малку бугарски војници способни за борба. Така, на [[30 септември]] [[1916]] година, во бугарскиот 46. пешачки полк останале живи само еден офицер и 86 војници! Како последица на тоа, во 13 часот и 30 минути српската војска го зазела Кајмакчалан, по што продолжила да напредува кон Старков Гроб.<ref>„Само Македонците немаат споменик иако гинеле од двете страни на фронтот!“, ''Публика - неделен политички прилог'', број 300, сабота, 24 септември 2016, стр. 7.</ref> <ref>Жанета Здравковска, „Не сум ни Бугарка ни Србинка, јас сум Македонка и ми е смачено од војни!“, ''Дневник'', година XX, број 6174, понеделник, 26 септември 2016, стр. 6-7.</ref>
 
Сведочејќи за крвавите борби на Кајмакчалан, швајцарскиот [[Криминологија|криминолог]] д-р Рудолф Рајс, во својот дневник, на [[26 септември]] [[1916]] година, запишал: „Некаде до месноста Старков Гроб на Ниџе, стотици трупови, немаше време да се закопаат сите жртви на оваа кланица и рововите се полни. Телата останале во положбата во која ги изненадила [[смрт]]та... Насекаде околу нас страв и ужас. Борбата на Кајмакчалан траеше три часа, метеж кој не може да се опише. Низ чад и магла се гледа како светкаат бајонетите и се слушаат експлозии од бомби... На висина од 2.525 метри, на овој гол простран терен, лежат стотици трупови. Нивна покривка се облаците и маглата што ги дува ветерот, а големите [[јастреб]]и и [[гавран]]и крстосуваат над нив за да се најадат од нивното распаднато месо.“<ref>„Само Македонците немаат споменик иако гинеле од двете страни на фронтот!“, ''Публика - неделен политички прилог'', број 300, сабота, 24 септември 2016, стр. 7.</ref>