Земјотрес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 89:
 
== Земјотресите во Македонија ==
Територијата на [[Македонија]] е релативно трусно подрачје, а земјотресот од 1904 година во [[Пехчевско|пехчевското]] епицентрално подрачје се смета за најсилен на [[Балкански Полуостров|Балканот]]. Измерена е јачина на земјотрес М=7,8 по [[Рихтерова скала]], а почувствуван со 10 степени по [[Меркалиева скала]]. Во [[Македонија]] има триесетина епицентрални подрачја, а најсилни земјотреси се регистрирани во валандовското, скопското, дебарското и пехчевското подрачје.
 
На [[4 април]] [[1904]] година, [[Пехчево]] било разурнато од силен земјотрес, чиј епицентар бил меѓу [[Пехчево]] и [[Кресна]]. Земјотресот бил со интензитет од 10 степени според [[Меркалиева скала|Меркалиевата]], т.е. 7,8 степени според [[Рихтерова скала|Рихтеровата скала]], со што тој е најсилниот регистриран земјотрес на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]]. Иако не постојат прецизни податоци, сепак бројот на жртвите бил минимален, бидејќи најголемиот дел од куќите биле ниски и изградени од дрво и кал.<ref>Љупчо Шатевски, „Земјотресот во Пехчево ги пробуди приказните за најстравотниот на Балканот“, ''Дневник'', година XX, број 6174, понеделник, 26 септември 2016, стр. 4-5.</ref>
<br />
{{Главна|Скопски земјотрес 1963}}