Дојче банк: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 27:
 
===Глобална банка, 1989- ===
Во текот на [[1990]]-тите, Дојче банк извршила дополнителни превземања и формирање на експозитури во странство. Со преземањето на британската трговска банка „Морган Гренфел“ во [[1989]] година, Дојче банк навлегла на американскиот пазар. Во [[октомври]] [[2001]] година, Дојче банк започнала да котира на [[Њујоршка берза|Њујоршката берза]]. Следната година, Дојче банк го зајакнала своето присуство во САД преку купувањето на „Скудер инвестмент“. Во меѓувреме, Дојче банк купила неколку банки во [[Европа]], како: „Норисбанк“, „Берлинер банк“ и „Дојче Мејлер“. По тригодишни градежни зафати, во [[2007]] година било целосно реновирано седиштето на компанијата на Дојче банк - кулите близначки во Франкфурт. Во [[2010]] година, Дојче банк отворила [[казино]] кое работело со загуба до неговата продажба во [[мај]] [[2014]] година.<ref>[https://www.db.com/en/media/Deutsche-Bank-History--Chronicle-from-1870-until-today.pdf Deutsche Bank, History Chronicle (пристапено на 3.2.2016)]</ref>

Како последица на загубите предизвикани по [[Финансиска криза 2007-2010 година|Глобалната финансиска и економска криза]], во средината на [[2016]] година Дојче банк престанала да биде дел од најголемите пет банки во светот, заземајќи го шестото место. Притоа, според самата банка, намалувањето на обемот на работењето било дел од нејзината [[стратегија]]. Сепак, наспроти падот, Дојче банк и понатаму била најголемата светска банка надвор од [[САД]].<ref>„За Дојче банк нема место меѓу светските топ-5 банки“, ''Дневник'', година XX, број 6173, сабота, 24 септември 2016, стр. 101</ref> Исто така, како последица на скандалите во кои била вклучена банката, во текот на [[2016]] година, вредноста на [[Акција (финансии)|акциите]] паднала за половина, а во првата половина од 2016 година нето-добивката на банката изнесувала само 14 милиони евра. Оттука, во [[септември]] [[2016]] година, акциите на „Дојче банк“ паднале на најниското ниво од [[1992]] година.<ref>„Вредноста на акциите на Дојче банк на најниско ниво“, ''Дневник'', година XX, број 6175, вторник, 27 септември 2016, стр. 9.</ref>
 
==Корпоративно управување и менаџмент==