Скопска Котлина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 42:
{{double image|right|Severo-istocniot del na Skopskata kotlina.jpg|200|Skopsko Pole.jpg|200|Крајниот северо-источен дел на Скопската Котлина меѓу селата [[Бучинци]] и [[Мршевци]], граница со Кумановско|Поглед на рамнината во источниот дел на Скопската Котлина (Скопско Поле) од месноста Три Круши кај [[Драчево]]}}
 
Географската положба, самиот терен, климата и почвата во Скопската Котлина се многу поволни за земјоделство и сточарство. Полјоделството е особено развиено во рамничарскиот предел во алувијалната раминина по течението на реката [[Вардар]]. Најзастапени се [[Жито|житните култури]] и тоа: [[Пченица|пченицата]], [[Јачмен|јачменот]] и [[Пченка|пченката]]. На големи површини се застапени одгледувањето на [[зеленчук]], индустриски растенија ([[сточна храна]]), градинарството и раноградинарското производство (под пластеници и оранжерии), [[Овоштарство|овоштарството]] и [[Лозарство|лозарството]]. Од зеленчукот и градинарските култури највеќе се одгледуваат: [[домат]] (познатиот вид „скопски јабучар“), [[пиперки]] (зелен пипер), [[кромид]], [[лук]], млад кромид и [[арпаџик]] (во с. [[Драчево]]), [[зелка]] (с. [[Бардовци]], [[Злокуќани (населба во Скопје)|Злокуќани]], [[Драчево]]), [[Зелена салата|марули]], [[морков]], [[компир]], [[боранија]], [[грашок]]. Кромидот од Драчево е особено прочуен на пазарите и, во исечен облик на крукчиња шеговито се нарекува „драчевска лигња“ поради големината. Од индустриските култури застапени се: [[Тутун|тутунот]], [[Детелина|детелината]], [[Луцерка|луцерката]] и крмната пченка. Овоштарството е застапено претежно во [[Висорамнина|висорамнинските]] предели на подножјата на околните планини во јужниот, источниот и северниот дел на котлината. Од овошките се одгледуваат: [[Цреша|цреши]], [[Јаболко|јаболка]], [[Јагода|јагоди]], [[Слива (род)|сливи]], [[Кајсија|кајсии]], [[Праска|праски]].
 
== Сообраќај ==