Арад: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 45:
 
== Историја ==
 
Арад за прв пат се споменува во документи од [[11 век]]. Монголската инвазија на [[Кралство Унгарија]] во [[1241]] година ја покажала важноста од утврдувања на ова место, кои во втората половина на 13 век започнале да се градат, најчесто од камен во Шоимош, Ширија и Дезна. [[Османлиското Царство]] го освоила регионот во [[1551]] година и под нивна контрола регионот бил до потпишувањето на [[Договор од Карловци|договорот од Карловци]] во [[1699]] година, кога градот бил вклучен во териториите на [[Хабсбуршката монархија]]. На почетокот на [[18 век]], Арад станал центар на православната [[Арадска епархија]]. Според податоците од 1720 година, населението на градот се состоело од 177 романски семејства, 162 српски и 35 унгарски.
 
Првиот евреин кој се населил во градот бил Исак Илија во [[1717]] година. Пред почетокот на Втората светска војна, бројот на еврејско население бил повеќе од 10.000 луѓе или повеќе од 10% од населението на градот.
 
Новата тврдина била изградена помеѓу [[1763]] и [[1783]] година. И покрај тоа што била мала, таа се покажала многу корисна кога одиграла голема улога во унгарската борба за независност во [[1849]] година.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Арад