Македонска пошта: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправка на правопис - царство (голема почетна буква на секој дел од сопствените имиња (држави, континенти, градови, села...))
Ред 19:
 
=== Поштата на Древна Македонија ===
Поштата во древна Македонија ја воспоставил [[Филип II]] (382-336 п.н.е.). Со негова повелба биле одредени пошторазнесувачите кои ја пренесувале поштата од царскиот двор кон покраините и обратно. [[Александар Македонски]] (356-323 п.н.е.) со победата над [[Персија]] формирал огромно царство. Посебно внимание и посветил на поштата. Редовно добивал информации од сите делови на неговото царство и ги поврзал [[Египет]] и [[Индија]] со поштенски врски по воден пат, а [[Мала Азија]] со Индија со сувоземни поштенски врски. Најголемо внимание посветувал на одржување добри поштенски врски со Македонија. Редовно и праќал писма на својата мајка [[Олимпија]] во Македонија и на генијалниот философфилозоф [[Аристотел]]. Древната македонска пошта дејствувала на територијата на Македонија сесè до крајот на нејзината државна самостојност. Во 168 г.п.н.е. римските легии кај местото Пинда го победиле последниот древномакедонски владетел [[Персеј]] (178-168 п.н.е.) и ја поробиле Македонија.
 
=== Поштата во Македонија за време на Римското царствоЦарство ===
[[Римско Царство|Римското царствоЦарство]] за своите потреби организирало друмски и поштенски сообраќај (cursus publicus). Неговата внатрешна организација била регулирана со посебни прописи со кои се уредувал начинот на вршење на службата, распоредот на возење, времетраењето на патувањето, заштита на тајноста на пишаните соопштенија, казни за прекршување на службата и др. Територијата на Македонија била во составот на една добро организирана сообраќајна мрежа. Институцијата cursus publicus имала уредни конаци, релејни станици, удобни средства за превоз како и луѓе што се грижеле за функционирање на сообраќајот - magister officiorum. Патот [[Виа Игнација]] одиграл важна улога за усовршубање на римската пошта на територијата на Македонија. Бил широк од 4-7м, а долг 247 римски милји. Поради својата одлична географска местоположба сообраќаен и поштенски центар во тоа време бил градот [[Стоби]] (Градско) и од него тргнувале пет важни сообраќајници низ Македонија. Сите римски пошти во Македонија биле под централна поштенска управа.
 
=== Поштата во Македонија за време на Византија ===
 
Со пропаѓањето на [[Римското царствоЦарство]] во [[476]] г, Македонија потпаднала под [[Византија]] со [[Константинопол]] како претстолнина. Византија ги задржала сите римски поштенски установи, а не се променил ниту начинот на нивното работење. Во 518 год., во Македонија се случил силен земјотрес, при што биле уништени поштите во сите поголеми и позначајни градови како: [[Скупи]], [[Лихнид]], [[Стоби]] и др. [[Климент Охридски]] организирал поштенско - манастирски врски меѓу сите области каде ја ширел глаголската писменост. Првата државна пошта започнала да функционира во време на царевите [[Самоил]] (969-1014), [[Гаврил Радомир]] (1014-1015) и [[Јован Владислав]] (1015-1018).
 
=== Поштата во Македонија во Средниот век ===
Ред 32:
Во средниот век, малите феудални држави немале ниту интерес, ниту средства да организираат државна пошта. Организирањето на преносот на пораките и соопштенијата не се сметало за обврска на државата и секој бил препуштен сам на себе. На територијата на Македонија, за време на владеењето на Стефан Урош III Дечански, поданиците требало редовно да ја исполнуваат гласничката служба, а царот [[Стефан Душан]] (1331-1355) истата ја зајакнал и подобро ја организирал.
 
=== Поштите во Македонија за време на Отоманското царствоЦарство ===
По освојувањето на Македонија, турските власти пристапиле кон организирање на поштенскиот сообраќај. Тие ги формирале татарските и суруџиските поштенски врски. Во почетокот на XV век овие примитивни поштенски врски биле усовршени. Во XVI век турските власти изградиле караван сараи - големи прифаќалишта покрај патот, а власта плаќала и арматалоси - вооружени чувари на поважните патишта, планински премини и опасни клисури. Во XVII век, султанот [[Мурат IV]] организирал посебен тип на анови покрај патиштата кои се викале мензулани.