Киевски Рус: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 40:
'''Киевски Рус''', ([[Руски јазик|руски]] ''Киевская Русь'', [[Украински јазик|украински]]: ''Київська Русь'') е поим, кој бил воведен во употреба од современи историчари за означување на периодот на древноруската држава во [[Источна Европа]] од крајот на [[9 век]], како резултат на преместување на престолнината од [[Ладога]] во [[Киев]] и обединувањето на власта на кнезовите од династијата Руриковичи на двата главни центри на источните Словени и Русите — [[Новгород]] и [[Киев]]. Киевска Русија е една од најголемите држави, која постоела во [[Среден век|Средновековието]]. Како основач на оваа држава се смета кнезот [[Владимир I Велики]]. Периодот на владеење на [[Владимир I Велики]] ([[980]]-[[1015]].) и [[Јарослав I Мудриот]] ([[1019]]-[[1054]]) го претставува периодот на Златното владеење на Киевска Русија.
== Создавање на Киевска РусијаРус ==
 
Племенското име [[Рос]] за прв пат го споменува историчарот Јорданес во VI век. Тие во почетокот ја признавале врховната власт на [[Остроготите]]. „Во готскиот јазик називот Росоман значи човек од племето Рос“. Племенското име Рос за прв пат го споменува историчарот Јорданес во VI век. Тие во почетокот ја признавале врховната власт на Остроготите. Териториите на племето Рос се наоѓала блиску до територијата на Остроготите. Во еден анонимен сириски извор се вели дека племето Рос живеело северно од Сирија. Тие не живееле војнички живот и не јавале на коњи. Територијата на која живеело племето Рос била од езерото Ладога до устието на реката Дњестар и од Карпатите до реката Волга, а во потесна смисла областа околу Киев, подрачјето околу реката Рос западниот дел од Перејеславското кнежевство и југозападниот дел на Черниговското кнежевство до градот Курск на реката Сејм. Во некои извори Русите се нарекуваат и Роди или Родијци според името на богот Род. Внатрешна Русија покрај племето Рос ја сочинувале и племињата Полјани и Северјани. Полјаните ја населувале територијата околу Киев, а северјаните по течението на реките Десна и Сејм. Во VI век било формирано сојуз на овие три племиња кој што траел до 8 век. На чело на сојузот се наоѓал заеднички војсководач или кнез. Во периодот од VII до IX век територијата на државата се проширила кон териториите на племињата Драговичи, Древјани, Полочани и Новгородци. Први познати владетели на Киевска РусијаРус биле кнезовите Дир и Асколд. Тие се сметале за потомци на кнежевскиот род што го основал Киј. Во време на овие кнезови Русите војувале со Византија во 860, 866, 874 година. Нови походи кон Византија биле за време на кнезот Олег 907 год. и кнезот Игор 941 год. Додека Русите војувале со Византија северните руски области биле нападнати од Норманите кои успеале да принудат одредени племиња да им плаќаат данок но набрзо биле протерани во Шведска. Во времето на кнезот Олег се случило повторно обединување на „Внатрешна Русија“.
 
== Киевска Русија во време на Олга ==