Разбој: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
Ред 4:
 
== Конструкција на рачен разбој ==
[[File:Ткајачки разбој 1931.jpg|thumb|mini|left|Девојчиња од Македонија, ткајат на разбој (1931 г.)]]
 
Рачниот, за домашна употреба, разбој е дрвена конструкција во облик на паралелограм. На двата краја на овој костур се поставуваат два масивни цилиндри т.н. „кросна“ или „вратила“ – едниот за намотаната основа и вториот за навивање на исткаениот материјал после процесот на ткаење. Бидејќи во процесот на ткаење нишките треба да бидат добро затегнати и двете кросна имаат можност да се вртат околу своите оски со што се постигнува добра затегнатост на нишките од основата. Секоја од намотаните нишки потоа минува низ т.н. „ништи“ или „ништелки“. Тие се најмалку две, но може да бидат и повеќе. „Ништите“ се поместуваат горе-долу преку „чкрипци“ со нагазување на „подношките“. Така два соседни конци во „ништите“ имаат различна положба, едниот е горе, а другиот долу. Непосредно до ништите во насока на ткајачката се наоѓаат т.н. „брдила“ или „набрдилa“. Тоа претставува масивна дрвена рамка со вметнато „брдо“ (решетка од цврсто поставени тенки стапчиња од трска). Нишките од основата се поставуваат во отворите на брдото. Со „сновалката“ се вметнува преѓа меѓу нишките од основата, потоа се менува положбата на ништите (тие што биле долу одат горе, и обратно) и со брдилото се натиснува ткаеното. На крајот исткаеното се навива на второто кросно.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Разбој