Разлика помеѓу преработките на „Медитација“

Додадени 2.115 бајти ,  пред 4 години
(Додадов два поднаслови поткрепени со референци од научни испитувања 8,9, 10 и 11.)
====== '''Како медитацијата ја зголемува продуктивноста''' ======
Експертот за медитација, Емили Флечер, зборува за сличностите меѓу медитацијата и кофеинот. И двата имаат ефект на давање на енергија и зголемување на продуктивноста, но медитацијата го постигнува тоа без несаканите ефекти поврзани со кофеинот. [http://www.yogabody.com/episode-80-meditation-emily-fletcher-stevia/ <sup>11</sup>]
 
Како што објаснува Флечер, кофеинот е хемиски сличен на аденозинот што се произведува во вашиот мозок во текот на денот. Аденозинот ве прави поспани, а кофеинот ефикасно ги блокира рецепторите за аденозин во вашиот мозок, со што не му дозволува на вашиот мозок да увиди колку е изморен.
 
Иако тоа може да не биде штетно само по себе во краток временски период, кофеинот исто стимулира повеќе нервна активност во вашиот мозок, што ги поттикнува вашите надбубрежни жлезди да ослободуваат адреналин, хемиски поврзан со стрес.
 
На крајот (без разлика дали пиете многу кафе или не), останувањето во хронична фаза на „борба или бегство“ што ја создава адреналинот, може да води до голем број на заболувања поврзани со стрес.
 
Од друга страна, медитацијата ви дава енергија и ве прави попродуктивни без поттикнување на адреналинскиот механизам. Според Флечер, медитацијата му обезбедува одмор на вашето тело што е два до пет пати подлабок отколку спиењето.
 
Медитацијата го девозбудува вашиот нервен систем наместо да го возбудува уште повеќе. Тоа го прави поуреден, со што му олеснува на вашиот систем да го ослободи насобраниот стрес. Исто ве прави и попродуктивни.
 
== Наводи ==
30

уредувања