Силамае: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 52:
 
'''Силамае''' ({{lang-et|Sillamäe}}, {{lang-de|Sillamäggi}}) — град и општина во северниот дел на [[Естонија]], со население од 16.183 жители според податоци од [[2010]] година, и зафаќа површина од 10,54 km².Градот се наоѓа во округот [[Ида-Виру]]. Низ градот поминува реката Сотке.
 
== Историја ==
 
Првото споменување на Силамае е во [[1502]] година, кога териториите биле уште под влијание на Ливонскиот ред. Германизираната верзија на името на градот било Силамјаги. Во [[1700]] година во реонот веќе бил изграден мост и мелница. Во тоа време границите на населбата ги вклучувале и територијата на Вајвара. Дури во [[1849]] година Силамае се одвоил како посебна населба. Во 19 век Силамае претставувало туристичко место, каде со години летувале личности како [[Петар Илич Чајковски]], [[Иван Петрович Павлов]], [[Константин Балмонт]], [[Паул Еренфест]] и други.
 
Во почетокот на [[20 век]] населбата започнала брзо да се индустријализира. Во [[1928]] година шведска компанија изградила во реонот фабрика за преработка на битуменозни шкрилци, кои претходно на истото место извлечиле електроцентрала. Населението на Силамае било 2.600 лица до 1940 година. За време на [[Втората светска војна]] Германија изградила неколку логори околу населбата, додека затворениците работеле во рудниците. По повлекувањето на германските сили од регионот, била уништена фабриката и електроцентралата.
 
Во [[1946]] година била донесена одлука за изградба на голема металургиска фабрика за преработка на руда, со цел да се добијат ураниумови оксиди. Во следните години овде работеле голем број на воени затвореници. Во 1952 година рудникот бил затворен и започнал увоз од Чехословачка, Источна Германија, Унгарија, Полска и Романија.
 
Во [[1957]] година Силамае добил статус на град. Во 1970 година фабриката започнала да произведува тантал и ниобиум со руда увезени од Колскиот полуостров. Во 1982 година фабриката веќе произведува [[збогатен ураниум]], погоден за употреба во нуклеарни реактори. Отпадот од ураниевото производство било исфрлувано директно во Блиското Езеро. Поради овој факт до [[1990]] година езерото претставувало сериозна еколошка закана, бидејќи отпадните води се цеделе во [[Балтичко Море]]. Наскоро започнал проект за расчистување на отпадните материи. Силамае имал статус на затворен град од 1947 до 1991 година поради производството на ураниум.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Силамае