Вилјанди: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 62:
== Симболи==
 
Знамето на Вилјанди е со две бои. Горниот дел е=на знамето е во светло сина боја додека долниот дел е бела. Грбот на градот е во облик на штит во светло сина боја, со бела роза во средината. Вилјанди е град на белата роза. Во средината на летото има 720 бели рози кои цветаат пред градското собрание, поставени за годишнината на градот во 2003 година. Во текот на летото, Денот на Белата Роза се слави во Вилјанди.
 
== Историја ==
Ред 73:
 
Во текот на полско-руските војни во првиот квартал на [[17 век]], градот и тврдината биле целосно уништени. Градот бил повторно изграден во текот на 17 век.
 
== Географија ==
 
Градот се наоѓа на северо-западниот брег на езерото Вилјанди. Зелените зони покриваат 27% од вкупната површина на градот. Јавните зелени површини зафаќаат околу 418 хектари, вклучувајќи 92 хектари паркови. Најголеми се Паркот на замокот, паркот Валуоџа, Кигепарк, Уевски парк и.т.н. Главните видови дрвја се даб, липа, бреза и бор.
 
== Култура==
 
Градот Вилјанди понекогаш се нарекува културна престолнина на Естонија, кое делумно се должи на култура академија Вилјанди.
 
Театарот Угала бил основан во 1920 година. Во градот постои и драмски театар и куклен театар.
 
Библиотеката во градот била отворена во 2002 година, и истата служи како место за изложби, средби со познати личности, семинари и.т.н. Центарот Кондас е посветен на естонскиот уметник Пол Кондас. Центарот е домаќин на изложби на наивизам|наивистички дела.