Вилјанди: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
| subdivision_name = {{flag|Estonia}}
| subdivision_type1 = [[Окрузи во Естонија|Округ]]
| subdivision_name1 = [[File:Viljandimaa lipp.svg|24px]] [[ViljandiВилјанди County(округ)|Вилјанди]]
| established_title = Основање
| established_date = 1263
Ред 63:
 
Знамето на Вилјанди е со две бои. Горниот дел е=на знамето е во светло сина боја додека долниот дел е бела. Грбот на градот е во облик на штит во светло сина боја, со бела роза во средината. Вилјанди е град на белата роза. Во средината на летото има 720 бели рози кои цветаат пред градското собрание, поставени за годишнината на градот во 2003 година. Во текот на летото, Денот на Белата Роза се слави во Вилјанди.
 
== Историја ==
 
Првото евидентирање на постоење на цивилизација во околината на Вилјанди датира од 5 милениум п.н.е. Првиот писмен запис за градот датира од [[1154]] година во коментарите на арапскиот картограф [[Мухамед ал-Идриси]] во неговото дело „Географија“.
 
Во текот на 1211 година, [[градина (археологија)|градината]] на Естонците во градот била опколена од страна на заедничката војска на [[Германци]]те, [[Латвијци]]те и [[Литванци]]те. Во август 1223 година градината била освоена од страна на Ливонскиот ред. Следната 1224 година на местото на градината бил изграден замок како еден од најголемите во регионот на Балтикот. Тврдината претставувала голема база на Ливонскиот реди и таа била на неколку пати доградувана во следните години. Градот станал член на трговскиот и одбранбениот сојуз [[Ханза]] во почетокот на [[14 век]], и бил еден од петте естонски градови во лигата.
 
Во [[1470]] година, Јохан фон Волтхус Херсе се населил во замокот. Во средниот век Вилјанди бил типичен мал трговски град, кој своите главни приходи ги добивал од транзитот на трговијата. Локалните трговци и занаетчии играле подеднакво важна улога за развојот на градот. Во [[1481]] година, [[Иван III]] го ставил под опсада замокот, но не успеал да го освои. Падот на Вилјанди се случил во текот на [[Ливонска војна|Ливонската војна]] кога во [[1500]] година силите на [[Големо Московско Кнежевство|Големото Руско Кнежество]] предводени од принцот Курбски успеале да го заземат градот и да го разрушат.
 
Во текот на полско-руските војни во првиот квартал на [[17 век]], градот и тврдината биле целосно уништени. Градот бил повторно изграден во текот на 17 век.