Кохтла-Јарве: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 51:
}}
 
'''Кохтла-Јарве''' ({{lang-et|Kohtla-Järve}}, {{lang-ru|Кохтла-Ярве}}) — град и општина во североисточниот дел на [[Естонија]], кој бил основан во [[1924]] година и својот статус како град го добил во [[1946]] година. Во градот постојат голем број на високи индустриски капацитети и е познат како голем производител на различни нафтени производи. Во градот живее население со различен етнички состав. Според еден извор, постојат 40 различни етнички групигрупиref>{{cite web |title=Kohtla-Järve linna arengukava 2007–2016 |format=PDF (2.2 Mb) |language=Estonian |trans_title=Development plan of the city of Kohtla-Järve for 2007–2016 |publisher=Kohtla-Järve city council |year=2006 |url=
http://www.kohtla-jarve.ee/uploads/documents/keskkonnakaitse/arengukava.pdf |accessdate=2011-06-01}}</ref>. Само 21% од населението се етнички Естонци, додека поголемиот дел се Руси. Кохтла-Јарве е петтиот по големина град во [[Естонија]].
 
Кохтла-Јарве е една од најдолгите општини во земјата. Тоа се должи на местоположбата на двата делови во градот, Јарве и Атме, чие население живее по должина од 10 километри. Неколку други населени места во североисточниот дел на реонот се поврзани со рударство.
 
== Историја ==
 
Историјата на Кохтла-Јарве е тесно поврзана со историјата на екстракција на нафта од шкрилци, како главен минерал во Естонија. Во Данската книга на земјите, Јарве и Кукрусе за прв пат се споменуваат како села во 1241 година од страна на Јериус и Кукарус, додека селото Сомпа во 1420 година било споменато под името Соенпе.
 
Локалните жители биле свесни за големите запаливи на нафтени шкрилци во античките времиња, но неговата индустриска екстракција во Естонија започнала во [[20 век]]. Во [[1916]] година, истражувањата покажале дека нафтените шкрилци можат да се користат како гориво и како суровина за хемиската индустрија. Така во следниот период започнало да се развива рударството во близина на селото Јарве. Во [[1919]] година била формирана Државната корпорација за нафтени шкрилци. Во текот на овој период започнале да се основаат и првите населени места од страна на работниците во непосредна близина на рудниците. Во 1924 година била изградена фабрика за преработка на нафта од шкрилци во близина на железничката станица Кохтла.
 
Во текот на [[Втората светска војна]], вредноста на естонските шкрилци се зголемила. Германците, кои живееле на територијата на Естонија, местото го сметале како важен извор на енергија.
 
По војната земјата паднала под влијание на [[Советскиот Сојуз]], кој барал постојано зголемување на количините на нафтени шкрилци. Градот, како главна населба во областа на рударството, добил статус на град на [[15 јуни]] [[1946]] година. Од тоа време па до текот на следните дваесет години започнал процесот на административно соединување на околните населени места во рамките на Кохтла-Јарве. Кохтла и Кукрусе биле вклучени во територијата на градот во 1949 година, додека Јохви, Ахтме и Сомпа во 1960 година. Населените места Кивиоли, Пуси и Вивикона биле присоединети во 1694 година. Така Кохтла-Јарве се проширил во голема мера, претварајќи се во град со уникатен изглед, додека неговите делови останале расфрлени меѓу шумите, земјоделските површини и нафтените рудници. Вкупното население на градот се зголемило главно од страна на работниците испратени од различни делови на Советскиот Сојуз, достигнувајќи до 90.000 во [[1980]] година.
 
По распадот на [[Советскиот Сојуз]], Естонија повторно ја вратила својата независнос во [[1991]] година. Во текот на овој период, бројот на градските населби се намалил додека Јохви, Кивиоли и Пуси станале одделни градови. Количински се намалило и екстракцијата и преработката на нафта во текот на 1990-тите години и голем број на граѓани од градот се преселиле во [[Талин]] или [[Русија]], поради високата стапка на невработеност во регионот.