Теодора (сопруга на Јустинијан I): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Таа не била само жена на Јустинијан (како консорт) туку императорка регент
Ред 1:
#пренасочување [[Теодора (императорка)]]
{{Infobox royalty
|name = Теодора
|title = [[Императорка]] на [[Византија|Византиската империја]]
|image = Meister von San Vitale in Ravenna 008.jpg
|imgw = 250px
|caption = Теодора, византиски мозаик во [[Равена]]
|full name =
|spouse = Јустинијан I
|succession = Византиска Императорка
|reign = 9 август 527 - 28 јуни 548
|predecessor = [[Ефимија (императорка)|Ефимија]]
|successor = [[Елија Софија|Софија]]
|birth_date = ц. 500
|birth_place = [[Кипар]]
|death_date = 28 јуни 548 (на 48 год.)
|death_place = {{починал во|Цариград}}
| place of burial= [[Црква Свети Апостоли (Цариград)|Црквата Свети Апостоли]]
}}
 
'''Теодора''' (ц. 500 - 28 јуни 548), била [[императорка]] на [[Византиска империја|Византиската империја]] и сопруга на императорот [[Јустинијан I]]. Таа била една од повеќето влијателни и моќни императорки на Византиската Империја. Некои извори ја споменуваат како императорка регент со Јустинијан I како нејзиниот ко-регент.
 
==Владеење==
===Бунтот Ника===
Теодора се покажала како достоен и способен лидер за време на [[бунтот Ника]]. Имала две ривалски политички фракции во империјата, Плавите и Зелените, кои почнале да бунтуваат во јануари [[532]] за време на трката во [[Константинополски хиподром|хиподромот]].<ref>Dielh, ''ibid.''</ref> Демонстрантите запалиле многу јавни згради, и за нов император го прогласиле [[Ипатиј]], внук на поранешниот цар [[Анастасиј I (владетел)|Анастасиј I]]. Неможејќи да ја контролираат толпата, Јустинијан и неговите претставници се подготвиле да бегаат. На состанокот на советот на владата, Теодора зборувала против напуштањето на палатата и го истакнала значењето на некој кој починува како владетел, наместо да живее како прогонет или во бегство, велејќи: "''ројалниот пурпур е најблагородниот покров''."<ref>Safire, William, ed, ''Lend Me Your Ears: Great Speeches in History'', W.W. Norton & Co., New York, 1992, p. 37</ref>
 
Нејзиниот утврден говор ги убедил сите, вклучувајќи го Јустинијан, кој се подготвувал да избега. Како резултат на тоа, Јустинијан им наредил на своите лојални војници предводени од два службеници да ги нападнат демонстрантите во хиподромот.<ref>Diehl, ''ibid.''</ref> Историчарите се согласуваат дека храброста и одлучноста на Теодора го спаси престолот на Јустинијан, што тој никогаш не го заборавил.
 
===Подоцнежен животот===
 
По бунтот Ника, Јустинијан и Теодора повторно го изградиле и реформирале [[Цариград]] и го направиле најпрекрасниот град на светот, градејќи или обновувајќи аквадукти, мостови и повеќе од 25 цркви. Најголемата од нив е [[Црква Света Софија (Истанбул)|црквата Света Софија]], која се смета за олицетворение на византиската архитектура и една од архитектонските чуда на светот.
 
Теодора учествувала во правните и духовните реформи на Јустинијан, и нејзината вмешаност во зголемувањето на правата на жените било значително. Таа вовела закони за забрана на присилна проституција и ги затворила борделите. Таа создала еден манастир на азиската страна на [[Дарданели]]те наречена metanoia (покајание), каде што поранешните проститутки би можеле да се издржуваат. Таа исто така ги зголемила правата на жените за развод и сопственост, ја вовела смртната казна за силувањето, забранила изложеност на несакани бебиња, на мајките им даде некои права за старателство над своите деца и го забранила убиството на жена која извршила прељуба. [[Прокопиј]] напишал дека таа била природно наклонета да им помогне на жените во несреќа.<ref>Garland. Page 18.</ref>
 
==Трајно влијание==
Нејзиното влијание врз Јустинијан било толку силно што по нејзината смрт, тој работел да донесе хармонија меѓу [[Миафизитство|Миафизите]] и [[Халкедонско христијанство|Халкедонските христијани]] во империјата, и тој го исполнил ветувањето да ја заштити нејзината мала заедница на Миафизитски бегалци во Хормисдас палатата. Теодора дала многу политичка поддршка на министерството на [[Јаков Барадеј]], како и лично пријателство. Дил го кредитира модерното постоење на Јаковското христијанство подеднакво на Барадеј и Теодора.<ref>Diehl, ''ibid.'', p.184.</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{S-start}}
{{S-roy}}
{{S-bef|before=[[Ефимија (императорка)|Ефимија ]]}}
{{S-ttl|title=[[Византиска царица]]|years=527–548}}
{{S-aft|after=[[Елија Софија]]}}
{{S-end}}
 
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Византиски царици]]
[[Категорија:Јустинијанова династија]]
[[Категорија:Погреби во црквата Свети Апостоли]]
[[Категорија:Византијци од 6 век]]
[[Категорија:Феминистки]]
[[Категорија:Јустинијан I]]