Одрин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 96:
 
{{wide image|20120604 Edirne view from the top of the Minaret of Selimiye Mosque Edirne Turkey Panoramic.jpg|1100px|align-cap=center|Паноррамски поглед}}
 
=== Црковна историја===
 
Одрин бил седиште на грчкиот митрополит и на ерменскиот епископ. Одрин исто така бил и центар на Бугарската епархија, но таа не била призната и лишени од епископ. Во градот исто така живееле и мал број на протестанти. Латинските католици, кои се во мал број, зависат од Цариградската црква.
 
Во минатото во градот живееле околу 10.000 Бугари, додека во целата област околу 40.000. Бугарското население било сконцентрирано во населбата „ Барутлук махлеси“ (источно од центарот на стариот град) и „Узункалдарам махлеси„ (во југоисточниот дел на стариот град). Во градот било основано класно училиште, кое прераснало во Одринска бугарска машка гимназија. Освен тоа, во градот постоеле и Бугарска женска гимназија, Бугарска католичка гимназија и црквата „Св. Св. Кирил и Методиј“. До [[1913]] година и излегувањето на [[Источна Тракија]] од епархијата на Бугарската Егзархија, во градот дејствувале неколку бугарски храмови, но денеска постојат само два: „Црквата Свети Ѓорѓи“ и „Црквата Свети Константин и Елена“. Голем дел од Бугарите биле протерани, иселени или убиени во 1913 година кога Бугарија била поразена во Втората Балканска војна. Денес, во градот нема бугарско население но постои Бугарски културен центар.
 
== Историски градби ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Одрин