Одрин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 63:
 
Според грчката митологија, [[Орест]], син на кралот [[Агамемнон]], го изградил овој град како Орестијас. Градот бил основан од римскиот цар [[Адријан]] на местото на [[траки]]ска населба позната како Ускадама или Ускудама. Градот бил главен на тракиското племе [[Беси]] и на [[Одриско Царство|Одринското Царство]]. Во времето на римскиот цар Адријан, градот бил развиен и биле изградени неколку споменици додека името било променето според самиот цар - Адријанопол. Во тоа време градот станал главен на римската провинција Тракија. Римскиот цар Лициниј во овој регион бил пораден од страна на неговиот ривал, [[Константин I]] во [[323]] година. Во битката кај Адријанопол во 378 година, од страна на Готите во градот бил убиен римскиот цар Валенс.
 
 
===Среден век===
 
Во текот на зацврстувањето на силата на [[Прво Бугарско Царство|Бугарското Царство]], кај Одрин се одржале неколку битки, во кој [[Бугари]]те го зазимале регионот но и Византијците последователно го враќале. Бугарскиот хан [[Кардам]] ги поразил на византиските сили кај Одрин. Во 813 година градот бил освоен од страна на бугарскиот хан [[Крум]]. Во [[914]] година царот [[Симеон I]] влегол триумфално во градот, во 921 по опсадата градот повторно бил заземен од Симеон и вклучен во границите на [[Прво Бугарско Царство|Бугарското Царство]]. На [[15 август]] [[1002]] година цар [[Самоил]] повторно го освоил градот и го ограбил. Важна за европската историја е битката кај Одрин, кога граѓаните на Одрин ги издигнале бугарските знамиња над тврдината и на [[14 април]] [[1205]] година царот [[Калојан]] катастрофално ги поразил силите на Латинско Царство|Латинското Царство и го заробил царот [[Болдвин I]]. Подоцна [[Теодор Комнен]], епирскиот деспот го освоил градот во [[1227]] година, но три години подоцна бил поразен кај Клокотница од Асен, цар на Бугарите.
 
Во [[1362]] година градот бил освоен од страна на отоманскиот султан [[Мурат I]]. Тој го променил името на градот во „''Едрене''“ и во [[1363]] година престолнината на [[Отоманското Царство]] била префрлена од [[Бурса]] во Одрин<ref>"It served as the capital of the Ottoman Empire from 1413 until 1453 and flourished as an administrative, commercial, and cultural centre." [http://www.britannica.com/EBchecked/topic/179207/Edirne "Edirne"] ''[[Encyclopædia Britannica]]''. Retrieved 19 December 2014</ref>. Како главен град во царството, Одрин бил до [[1453]] година кога [[Османлии]]те предводени од [[Мехмед II]] го освоиле [[Цариград]] и престолнината била префрлена таму. Самиот Мехмед II бил роден во Одрин. Султанот [[Мехмед IV]] ја напуштил [[Топкапи сарај]] и заминал да управува во Одрин, каде и починал во [1693] година. За време на неговиот егзил во Отоманското Царство, шведскиот крал Карл XII престојувал во градот во поголемиот дел од [[1713]] година<ref>"Adrianopel" in ''Nordisk familjebok'' (2nd edition, 1904)</ref>. Основачот на вахабизмот живеел во Одрин во периодот од [[1863]] до [[1868]] година кога бил прогонет од градот. Тој се осврнал на градот во неговото дело „''Земја на мистеријата''“<ref>{{cite web|url=http://reference.bahai.org/en/t/b/KA/ka-80.html |title=Bahá'í Reference Library - The Kitáb-i-Aqdas, Page 196 |publisher=Reference.bahai.org |date=2010-12-31 |accessdate=2011-07-30}}</ref>.
 
Во следните години, Одрин служел како престолнина на [[Румелија]] ([[Бурса]] се сметал како престолнина на [[Анадолија]]), или како втора престолнина бидејќи голем број султани преферирале да управуваат со царството од Одрин. Одрин исто така бил престолнина и на истоимениот пашалак, додека по реформите од [[1867]] година градот станал главен на Одринскиот вилает.
Ред 77 ⟶ 78:
 
Одрин бил окупиран од страна на руски војници во [[1829]] година за време на [[Грчка војна за независност|Грчката војна за независност]] и во [[1878]] година за време на [[Руско-турска војна (1877-1878)|Руско-турската војна]] од [[1877]]-[[1878]] година. Градот во 1905 година бил опфстен од пожар. Во [[1905]] година во градот живееле околу 80.000 жители, од кои 30.000 биле Турци, 22.000 Грци, 10.000 Бугари; 4.000 Ерменци и 12.000 Евреи.
 
=== Модерна историја ===
 
Одрин претставувал важен град за одбрана на Отомански Цариград и Источна Тракија во текот на [[Балканските војни]] од 1912-1913. Во 1913 година градот бил окупиран накратко од страна на Бугарите, по опсадата на градот. Големите сили, Велика Британија, Италија, Франција и Русија ја принудиле Отоманската империја да се откаже од Одрин во корист на Бугарија на крајот на [[Првата балканска војна]], со што се создал политички скандал во османлиската власт во Истанбул. Поради овие настани во овој период се случил државен удар во царството. И покрај тоа што победила во државниот удар, новите османлиски власти не биле во можност да го задржат градот, но под власта на [[Енвер Паша]] (кој се прогласил за „''вториот освојувач на Едрене''“, по [[Мурат I]]), и по крајот на Втората Балканска војна, градот бил повторно вклучен во составот на Османлиското Царство.
Ред 83 ⟶ 86:
 
Според пописот од 2007 година, провинцијата Одрин имала население од 382.222 жители. Градот е просперитетен центар на трговија за плетен` текстил, свила, теписи и земјоделски производи.
 
{{wide image|20120604 Edirne view from the top of the Minaret of Selimiye Mosque Edirne Turkey Panoramic.jpg|1100px|align-cap=center|Паноррамски поглед}}
 
== Историски градби ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Одрин