Одрин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 68:
Во текот на зацврстувањето на силата на [[Прво Бугарско Царство|Бугарското Царство]], кај Одрин се одржале неколку битки, во кој [[Бугари]]те го зазимале регионот но и Византијците последователно го враќале. Бугарскиот хан [[Кардам]] ги поразил на византиските сили кај Одрин. Во 813 година градот бил освоен од страна на бугарскиот хан [[Крум]]. Во [[914]] година царот [[Симеон I]] влегол триумфално во градот, во 921 по опсадата градот повторно бил заземен од Симеон и вклучен во границите на [[Прво Бугарско Царство|Бугарското Царство]]. На [[15 август]] [[1002]] година цар [[Самоил]] повторно го освоил градот и го ограбил. Важна за европската историја е битката кај Одрин, кога граѓаните на Одрин ги издигнале бугарските знамиња над тврдината и на [[14 април]] [[1205]] година царот [[Калојан]] катастрофално ги поразил силите на Латинско Царство|Латинското Царство и го заробил царот [[Болдвин I]]. Подоцна [[Теодор Комнен]], епирскиот деспот го освоил градот во 1227 година, но три години подоцна бил поразен кај Клокотница од Асен, цар на Бугарите.
 
Во [[1362]] година градот бил освоен од страна на отоманскиот султан [[Мурат I]]. Тој го променил името на градот во „''Едрене''“ и во 1363 година престолнината на [[Отоманското Царство]] била префрлена од Бурса во Одрин. Како главен град во царството, Одрин бил до [[1453]] година кога [[Османлии]]те предводени од [[Мехмед II]] го освоиле [[Цариград]] и престолнината била префрлена таму. Самиот Мехмед II бил роден во Одрин. Султанот [[Мехмед IV]] ја напуштил [[Топкапи сарај]] и заминал да управува во Одрин, каде и починал во [1693] година. За време на неговиот егзил во Отоманското Царство, шведскиот крал Карл XII престојувал во градот во поголемиот дел од [[1713]] година. Основачот на вахабизмот живеел во Одрин во периодот од [[1863]] до [[1868]] година кога бил прогонет од градот. Тој се осврнал на градот во неговото дело „Земја„''Земја на мистеријата“мистеријата''“.
 
Во следните години, Одрин служел како престолнина на [[Румелија]] ([[Бурса]] се сметал како престолнина на [[Ададолија]]), или како втора престолнина бидејќи голем број султани преферирале да управуваат со царството од Одрин. Одрин исто така бил престолнина и на истоимениот пашалак, додека по реформите од [[1867]] година градот станал главен на Одринскиот вилает.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Одрин