Електрична светилка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
→‎ЛЕД-светилки: дополнување
Ред 15:
Флуоресцентните светилки првпат се појавиле во 19 век. Работат на принцип на ослободување на електрицитетот низ гас под низок [[притисок]]. Направени се од стаклена цевка исполнета со инертен гас (пример [[аргон]]) под низик притисок. Струјата што тече низ гасот ја испарува [[Жива|живата]]. Атомите на живата што се судираат со електроните се забрзуваат и потоа испуштаат [[фотони]] на [[ултравиолетова светлина]] кога паѓаат во првобитната положба.<ref name="a"/> Фосфорниот слој на внатрешноста од цевката ја претвора оваа ултравиолетова светлина во бела, видлива светлина. Флуоресцентните светилки се шестпати поефикасни од обичните светилки. Компактните флуоресцентни светилки (КФС) имаат покуса цевка, превиткано спакувана. Флуоресцентните цевки што содржат гас неон честопати се употребуваат за изработка на улични знаци, бидејќи може да бидат изработени во кој било облик или боја, отпорни се на сите временски услови и долго траат. Со порастот на притисокот за намалување на потрошувачката на енергија, претстои еволуција на изворите на вештачка светлина. <ref name="a"/>
====[[Диоди|ЛЕД-светилки]]====
[[Диоди|Диодите]] што испуштаат светлина (ЛЕД) се ефикасни енергетски направи што произведуваат светлина низ полуспроводни диоди. Првпат се појавиле во 1960г.[[1960]] година, и на почетокот испуштале само црвена, слаба светлина. Денес се многу светли, работат поефикасно од флуоресцентните светилки и не се вжештуваат.Обичните светилки трошат 90 проценти од својата [[енергија]] во [[топлина]], па притисокот за штедење енергија со користење на ЛЕД-светилки, наместо обични светилки се повеќе се зголемува.<ref name="a"/>
 
==Историја на светилките во Макеоднија==
Првата електрична светилка во [[Скопје]] засветила во [[1909]] година, со помош на мала дизел [[електрична централа]], која служела за напојување на пумпната станица за потребите на градскиот [[водовод]].<ref>„ХЕЦ Козјак – производство на електрична енергија и намалување на штетите од поплави“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 26-27.</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}