Разлика помеѓу преработките на „Марио Ланца“

Додадени 28 бајти ,  пред 3 години
с
(authority control moved to wikidata)
 
== Оперска кариера ==
Роден '''Алфредо Арнолд Кокоца''' (''Alfred Arnold Cocozza'') во [[Филаделфија]], [[Пенсилванија]], бил изложен на опера и пеење уште од мали нозе, а на 16-годишна возраст неговиот талент бил воочлив. Татко му Антонио Кокоца се родил во Филињано, Италија и се преселил во Америка кога имал 16 години. Започнувајќи со локални оперски продукции во Филаделфија, Алфредо Кокоца подоцна бил приметен од диригентот [[Сергеј Кусевицки]], кој му доделил полна стипендија на Беркширскиот музички фестивал во [[Тенглвуд]] во [[Масачусетс]]. Кусевицки подоцна му рекол на Ланца: „Имаш глас што се слуша еднаш на сто години“.
 
Дебитирал во операта како Фентон во „[[Веселите жени од Виндзор (опера)|Веселите жени од Виндзор]]“ од Ото Николај, во Тенглвуд на [[7 абгуст]], [[1942]], откако учел кај диригентите Борис Голдовски и [[Леонард Бернштајн]]. Тука Кокоца го прифатил сценското име Марио Ланца, што е всушност машка верзија на мајчиното име. Изведбата била успех и Ланца се прославил како голем талент. Потоа Ноел Штраус од ''[[New York Times]]'' го поздравил 21-годишниот тенор со зборовите дека нему „во денешницата му се малкумина рамни по квалитет, топлина и моќ“.