Разлика помеѓу преработките на „Социологија“

Нема измена во големината ,  пред 3 години
с
нема опис на уредувањето
с
 
=== Религија ===
Социологијата на религијата се бави со практиките, историската позадина, развоите, универзалните теми и улоги на религијата во општеството. Особено се нагласува повратената улога на религијата во сите општества и во текот на евидентираната историја. Социологијата на религијата се разликува од филозофијата на религијата во тоа што социолозите не се обидуваат да ја оценат валидноста на религиозните тврдења; наместо тоа, тие заземаат став кој Петер Л. Бергер го опиша како позиција на „методолошки атеизам“. Може да се каже дека модерната формална дисциплина на социологијата започна со анализата на религијата во Дуркеимовата студија од 1897 година за стапките на самоубиство меѓу Католичкото и Протестантското население. Макс Вебер објави четири главни текстови за религија, во контекст со економската социологија и неговата теза за рационализација: Протестантската етика и духот на капитализмот (1905), Религијата на Кина: Конфучионизмот и Таоизмот (1915), Религијата на Индија: Социологијата на Хиндуизмот и Будизмот (1915) и Древниот јудеизамјудаизам (1920). Современите дебати честопати се концентрираат врз теми како што се секуларизацијата, граѓанската религија, како и улогата на религијата во контекст на глобализација и мултикултурализам.
 
=== Општествени мрежи ===