Википедија:Огласна табла за администратори: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Tropcho (разговор | придонеси)
Ред 313:
 
Мојот став отсекогаш бил дека во случај кога станува збор за чувствителни теми со повеќе гледишта, гледиштото коешто преовладува во литературата на јазикот на којшто е јазичното издание на Википедија треба да има предимство. Во конкретниот случај, тоа значи дека главно гледиште е она коешто преовладува во литературата на македонски јазик. Се разбира, тоа не значи дека е потребно да се цензурираат останатите гледишта поткрепени со веродостојни извори, туку само дека истите треба да бидат додадени во дел насловен „Други гледишта“.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 22:47, 3 октомври 2016 (CEST)
 
:{{одговор|Kiril Simeonovski|Виолетова}} колку што гледам, на страницата за НГТ на македонската Википедија нема ни збор за давање предимство на преовладувачкото гледиште на било кој јазик. Напротив, [[ВП:НГТ|таа вели]]: "Статиите без предрасуди ги опишуваат дебатите праведно, наместо да се залагаат за некоја страна на дебатата" и "мора да бидат напишани со праведно претставување на гледиштата, пропорционално и без пристрасност." '''Џимбо Велс''', пак, експлицитно вели дека различните јазични верзии на Википедија можат да се разликуваат што се однесува до ситни детали, но [https://lists.wikimedia.org/pipermail/wikien-l/2003-November/008096.html '''за НГТ не може да се преговара''']. Како е тоа компатибилно со давање предимство на местните ставови?
 
:А што значи давање предимство? Во статијата за Самуил не само што е детално застапено и опишано националистичкото гледиште. Згора на тоа, ова гледиште е претставено како најпопуларно и надвор од Македонија. Спротивното гледиште, пак, е претставено како бугарско (и одделено во дел насловен "Тези на историографијата во Република Бугарија"), иако ова е најприфатеното гледиште надвор од Македонија. Ова е едноставно лажно претставување. Нема ни п од пропорционално. Ако ова е давање на предимство, тогаш тоа е неспојливо со политиката на Википедија за НГТ.
 
:(Нема тука нито да ги коментирам фалсификуваните (или просто "неточни") преводи на Георг Острогорски (порано и на Шарл Дил) во статијата, или фактот дека во уводот на статијата се искористени две дузени стари извори за да се докажуваат тези, коишто тие извори воопшто не ги поддржуваат, а истовремено се игнорираат цел куп други современи и веродостојни извори. За се тоа сум пишал на [[Разговор:Цар_Самоил|страницата за разговор]], но видно е дека желба за диалог по овие прашања овде нема (ни одговор од 2014 г.), а секој обид за уредување и отстранување на овие проблеми (дури и најкултурниот) се блокира од членови на административниот одбор.)
 
:Ако помеѓу администраторите овде дејствително има конзензус дека овој начин на "давање предимство" на националистички ставови е прифатлив, сметам дека можеби вреди прашањето да се дискутира и на меѓународно ниво. [[User:Tropcho|Tropcho]] <small>([[User talk:Tropcho|разговор]])</small> 16:02, 4 октомври 2016 (CEST)